Подеднакво e важно да си играте со вашето бебе, но и да го оставите да си игра само

Играјќи, бебињата се развиваат и физички и психички - а колку што им треба за тоа помош и друштво, исто толку е важно и да играат самостојно.

0
62

Бебињата почнуваат да си играат веќе по неколку недели од животот. На почетокот, игра е тоа што реагираат на вашето обраќање, но со текот на времето, почнуваат да се забавуваат и на други начини.
Многу е важно да поминувате време со бебето играјќи затоа што тие учат сè преку игра. Играјќи, бебињата се развиваат и физички и психички – а колку што им треба за тоа помош и друштво, исто толку е важно и да играат самостојно.

Самостојно играње – зошто е важно?

Вежбање концентрација – Кога бебето игра самостојно, тоа работи на својата концентрација. Само гледајте како игра детето. Ако е малку поголемо бебе – често ќе го интересира книга или сликовница и ќе ја „чита“ сконцентрирано во круг. Секако – на почетокот ќе трае помалку од една минута, но со текот на времето нивната концентрација ќе биде посилна.

Проширување на интересите – кога бебињата си играат сами, тие го истражуваат светот околу нив. Обезбедете им безбедно место за игра и оставете ги сами да најдат нешто за да се забавуваат. На овој начин, тие од ден на ден ќе покажуваат некои нови интереси и ќе се забавуваат на свој начин.

Зајакнување на самодовербата – самодовербата е многу важна и во подоцнежниот период од животот, но и во овој најчувствителен период на растење. Без самодоверба, нема развој – затоа, помогнете му на вашето бебе да се чувствува добро така што ќе го опкружите со играчки и предмети со кои може да се справи, за да се чувствува што е можно поспособно и оставете го да ги „совладува“ само. Наградете го секој успех со аплауз и честитки, бидејќи бебињата знаат што значи „браво!“

Учење на сопствените грешки – за правилен развој на бебето, важно е да научи што се грешки, но и како да ги поправи тие грешки. Бебето нека се обиде да постигне нешто – дури и ако не може да го стори тоа во тој момент (да уфрли соодветен предмет низ отворот наменет за тоа или да отвори кутија, итн.). Важно е активностите што ги прави да бидат во согласност со неговата возраст – за да бидете сигурни дека ќе успее и дека ќе научи. Секако, кога е потребно, покажете му на бебето како да го направи тоа што сака, но оставете го потоа само да го вежба тоа.

Негување на самостојност – кога детето си игра само, тоа учи како да си стане пријател само на себе и како да се забавува без дополнителна публика, друштво или некој кој секогаш ќе го забавува. На овој начин се стекнува независност, што е сè поважно за децата по првата година. Освен независност во играњето, што е најдобриот начин за учење, независноста ќе им биде важна и во вршење други активности како што ќе раснат, а кога ќе успеат да направат нешто сами – ќе бидат многу горди на себе, што придонесува кон зајакнување на самодовербата.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]