Подобро е на децата да им дадете леб со маст, отколку чоколадо

Парче леб премачкано со свинска маст и алева пиперка е далеку поздрава варијанта од млечното чоколадо?

0
297

Доктор Неделко Радловиќ, педијатар во Универзитетската детска клиника и претседател на Педијатриската секција на Српското лекарско здружение вели дека е поздраво на децата да им дадеме парче леб премачкано со свинска маст и алева пиперка отколку млечно чоколадо. Имено, млечното чоколадо е нешто најлошо што може да му се препорача некому.

Комбинацијата од млечна маст и шеќер сахароза која дава фруктоза е најдобар пат некому да му ги затнете крвните садови, односно, да добие атеросклероза.

„Заради тоа треба да се менува свеста на децата, но и на родителите и наместо млечно, да им се понуди црно чоколадо кое е далеку поздраво“, објаснува овој педијатар.

Според него, децата се сѐ подебели заради нездравата исхрана во која преовладуваат млечни чоколади. Затоа, вели, во праксата се среќава со деца кои имаат промени на зглобовите заради тежината, но и со деца кои имаат висок притисок и предиспозиција за шеќерна болест.

Стручњаците предупредуваат дека млечното чоколадо е како некоја разблажена варијанта, чии добри вредности се оставени настрана на штета на добриот вкус. Содржината на какао делови е и до три пати помала отколку кај црното чоколадо, додека додаденото млеко содржи заситени масти кои го зголемуваат нивото на холестерол. Друг факт е дека млечното чоколадо содржи повеќе шеќери од црното, кој последично го зголемува апетитот, додека кај црното чоколадо нема таков ефект.

„Сѐ што имате во чоколадото имате и во лебот. Но, ако на лебот додадете животинска маст, тогаш имате и A, D, E и K витамини. Ако таа маст ја намачкате на црн леб, тогаш во организмот внесувате и комплекс Б-витамини, што е поздраво од млечно чоколадо“, советува д-р Радловиќ.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Unsplash

loading...