Поедноставно не може: Овошни грицки од јаболка и банани

Омилените, но нездрави закуски можете да ги замените со многу поздрава верзија! Најдобро од сè, подготвувањето на овие вкусни грицки е толку лесно што едноставно нема да можете да им одолеете, а конечно и на децата ќе можете да им дадете грицки без грижа на совест

0
406

Овие здрави грицки од јаболка и банани ќе ја задоволат вашата желба за сладост, но и за крцкавоста која често ја посакуваме кога се обидуваме да се храниме поздраво. Тие се идеална закуска за децата кои на тој начин ќе изедат повеќе овошја – дури и без да забележат. Подготовката на овие здрави грицки е лесна, а фантастична алтернатива за секој што одлучил да ја започне годината со малку поздрави рецепти.

Состојки:

2 јаболки

1 банани

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 90 ° C.

Дното на тавата обложете го со мрсна хартија за печење

Исечете ги јаболката и бананите со остар нож на тенки парчиња и наредете ги во еден слој на дното на тавата.

Ставете ја тавата во загреана рерна и печете половина час. Јаболката ќе станат крцкави пред бананите, затоа проверете ги по половина час. Бананите можат да се печат до половина час подолго од јаболката – во зависност од дебелината на парчињата.

Оставете ги парчињата овошје да се изладат на плехот, а потоа ставете ги во некој сад со капак кадешто можете да ги чувате до една недела.

Фото: Pixabey

loading...