Помала можност децата да го шират вирусот

Сумија Сваминатан од Светската здравствена организација изјавила дека, според она што се знае досега, помала е можноста децата да шират коронавирус, дури и ако се заразат.

0
82

Сумија Сваминатан, научничка од СЗО, додала дека кај децата има помал ризик да се заразат со коронавирус. Таа за БиБиСи рекла дека сѐ повеќе земји размислуваат да ги отворат повторно училиштата и додала дека искуството на оние кои веќе го направиле тоа е охрабрувачко.

„Она што го видовме во земјите кадешто училиштата останале отворени е дека немаше големи жаришта во училиштата, а дека и таму кадешто ги има, тие често се поврзуваат со настани на кои се собирал голем број луѓе, не со обични училници“, рекла Сумија Сваминатан.

Запрашана за реткиот синдром на воспаление, кој се поврзува со инфекцијата со коронавирус кај малиот број деца, таа рекла дека се потребни повеќе истражувања за подобро да се разбере тој синдром.

„Не е баш јасно каква е врската помеѓу ковид-19 и тој синдром. Има некои деца кои е позитивни на вирусот и некои кои не се“, рекла таа, додавајќи дека СЗО бара информации од лекарите ширум светот за синдромот за да го разбере подобро.

Околу 230 деца во Европа досега заболеле од новиот синдром на воспаление кој се поврзува со ковид 19, а две деца починале, соопштил претходно Европскиот центар за контрола и превенција на болести.

Фото: Freepik

loading...