Помогнете му на своето срамежливо дете

Создадете за своето дете опркужување во кое ќе се чувствува сигурно. Повикајте ги неговите пријатели пред кои се чувствува слободно 

0
183

Секој има во своето семејство некое срамежливо дете и тоа е на почеток обично слатко, меѓутоа, таа повлеченост би можела да им создаде проблеми. Затоа помогнете им да излезат од сопствената сенка.

Покажете им дека ги сакате токму такви какви што се затоа што ако почувствувате дека со нив нешто не е во ред, уште повеќе ќе се повлечат. Детето нека го види дека го прифаќате со сите негови маани и доблести. Детето никако не смеете да го означувате со етикетата „срамежливо“. Не зборувајте пред него ништо слично на: „Тој е само срамежлив“, колку и да ви звучи исправно тој аргумент. Мора да бидете свесни дека срамежливоста не го одредува карактерот на на вашето дете. Истакнувајте некои негови позитивни особини и квалитети.

На пример, ако некој коментира дека е вашето дете срамежливо, вие одговорете им дека е добро и дека многу ве слуша. Не е добро ниту премногу да инсистирате за детето да излезе од сенка. Притисокот би можел да предизвика контраефект.

Создадете му на детето опкружување во кое се чувствува сигурно. Повикајте ги неговите пријатели пред кои се чувствува слободно . На благ начин поттикнувајте го детето да ги гледа луѓето со кои зборува, да ги поздравува соседите и познаниците на улица.

Не зборувајте во нивно име за да ги спасите од непријатни ситуации. Имено, проблемот е само во тоа што на срамежливите деца им треба малку повеќе време за да се ослободат пред другите и самите да одговорат на прашање. Затоа, поттикнувајте ги со насмевка, но не одговарајте наместо нив.