Понекогаш една објава на социјална мрежа може да спаси живот …

„Би сакала да им кажам на бремените жени кои страдаат од силно чешање за време на бременоста да не ја сфаќаат несериозно состојбата“, напишала една мајка на Фејсбук која откако открила дека има гестациска холестаза, била породена во 37.недела

0
191

Една мајка открила дека има гестациска холестаза откако ги објавила своите проблеми на Фејсбук. Откако Кристина ДеПино се пожалила во објава на Фејсбук за чешање за време на бременоста, пријателите ја предупредиле дека може да има холестаза – хормонална состојба што влијае на жолчното кесе на мајката и може да предизвика смрт на бебето во матката доколку болеста не се открие.

„Она што започна како целосен јадеж започна да станува се поизразено на дланките и стапалата“, рекла ДеПино, додавајќи; „дојде до точка што повеќе не можев да спијам ноќе, рацете и нозете ми крвареа од сите гребнатини“.

Кристина побарала на Гугл што е холестаза во бременоста и веднаш го контактирала својот лекар кој дијагностицирал гестациска холестаза и препорачал да се породи во 37 недела за да се намалат ризичните последици и за среќа, нејзината мала ќеркичка се родила здрава. „Веднаш штом ја зедов мојата прекрасна ќеркичка во моите раце, помислив: „Што ако …?“; рекла оваа мајка од Мичиген. „Што ако не се пожалев на Фејсбук? Што ако никој не ми кажеше дека состојбата е опасна? Веднаш помислив дека треба да ги информирам и другите жени”.
ДеПино напишала објава на Фејсбук, споделувајќи го своето искуство и предупредувајќи ги другите идни мајки да се јават кај својот лекар ако се сомневаат во холестаза. Нејзината објава е споделена повеќе од 62.000 пати.

„Би сакала да им кажам на бремените жени кои страдаат од силно чешање за време на бременоста да не ја сфаќаат несериозно состојбата“, напишала таа. „Обрнете внимание на знаците и симптомите, а потоа посетете го вашиот лекар. Не го игнорирајте чешањето, обичен тест на крвта може да го спаси животот на бебето”.
Д-р Доника Мур рекла дека холестазата ретко носи компликации кај бремените жени, но хемикалиите во крвотокот на заболената мајка можат да предизвикаат ненадејна фетална смрт.

Поради оваа опасност, повеќето лекари ќе предизвикаат трудови кај бремената жена по 36. недела од бременоста. Оваа ретка состојба погодува само 1 од 100 жени во САД.

„Холестазата е застој на протокот на жолчта и како резултат на тоа, хемикалиите што треба да се елиминираат се таложат во вашиот крвоток“, објаснила Мур.

„Тоа може да се таложи под кожата и да предизвика ужасно чешање. Мур исто така забележува дека чешањето предизвикано од холестаза не е поврзано со осип на кожата и најчесто започнува на дланките или стапалата. Жените на возраст од 35 години или повеќе имаат поголема веројатност да развијат холестаза. Треба ли бремените жени да се грижат поради развој на холестаза? Мур вели дека нема корист од загриженоста, но верува дека жените треба да се поттикнуваат да контактираат со своите лекари со какви било прашања поврзани со бременоста!

Фото: Freepik

loading...