Поради булинг, деветгодишно дете низ солзи вели: Сакам некој да ме убие! (ВИДЕО)

Мајка од Австралија решила да објави видео во кое нејзиниот деветгодишен син низ солзи вели дека сака да умре затоа што врсниците на училиште го малтретираат поради неговото нарушување во растот.

0
511

Јарака Бејлис е мајка на деветгодишниот Кваден Бејлис кој е роден со ахондроплазија, форма на џуџест раст. Таа објавила видео каде малиот Кваден после училиште низ огромни солзи вели дека сака да умре, причината е малтретирањето од страна на неговите врсници поради неговото пореметување, пренесува Њујорк Пост.
„Сакам да можам да се прободам низ срцето, сакам некој да ме убие“, вели Кваден во видеото. Мајката вели дека решила да го сподели ова видео за да се подигне свеста за малтретирањето, но добила и по некој совет од родители кои се борат со истиот проблем – дете кое размислува за самоубиство.

„Сакам луѓето да разберат дека ова е резултат на малтретирање. Малтретирањето е причината што децата сакаат да се самоубијат”, вели мајката во видеото, додавајќи низ солзи, „Нека знаат луѓето колку не боли ова како семејство. Постојано морам да следам што прави откако спомна самоубиство “.

Исто така нагласила дека се надева дека училиштата ќе преземат некои активности и ќе започнат да ги едуцираат децата за нарушувањата и хендикепите што ги имаат другите и со тоа ќе спречат булинг. Откако го споделила, за само 3 дена видеото е прегледано 11 милиони пати и разни здруженија и спортисти го поддржале малиот Кваден преку видео: „Ви посакуваме сѐ најдобро. Знаеме дека минувате низ тежок период, но ние сме тука, ви го чуваме грбот“, рекол еден австралиски рагби играч, Латрел Мичел.

Ова не е ниту прв ниту последен ваков случај, туку само еден во низата, а се случува и кај нас.

This is the impacts of bullying! I seriously don’t know what else to do! 😭

Posted by Yarraka Bayles on Вторник, 18 февруари 2020

Фото: Инстаграм

loading...