Поради коронавирусот, сѐ повеќе жени во САД се одлучуваат за породување дома

Главната причина поради која се повеќе бремени жени во Соединетите држави одлучуваат да се пораѓаат дома, е тоа што според новите правила кои ги донесе со себе пандемијата на вирусот ковид-19, нивните партнери не можат да присуствуваат на породувањето.

0
97

Сè повеќе болници во САД ја менуваат политиката во врска со тоа кој може да биде присутен за време на породувањето заради пандемијата на вирусот ковид-19. Иако ова не е првото нешто што ќе им падне на памет на повеќето жени, бидејќи нивните партнери според новите правила во моментов не можат да присуствуваат на породувањето, голем број од нив се одлучуваат за раѓање дома.

„Никогаш не помислив дека ќе се породувам дома“, изјавила за порталот Today, Келси Никсон, која го очекува четвртото дете. Првите три ги родила во болница, а партнерот секочаш бил со неа. Од минатата недела, Ајдахо, кадешто живее Келси, им се придружила на државите кои го ограничија движењето и забранија болнички посети и придружба заради пандемијата на вирусот „ковид-19“, па Келси се одлучила за раѓање дома.

Концептот за раѓање дома е веќе некое време присутен во САД, но заради сегашниот интерес на јавноста, започната е дополнителна кампања за информирање на бремените жени за предусловите што треба да ги исполнат за да можат да раѓаат дома. Овие вклучуваат, меѓудругото, здравје на бремените жени (жени со хипертензија тип 1 или дијабетес не смеат да раѓаат дома), единечна бременост, без претходни компликации врзани за бременост (или спонтани абортуси) и без здравствени проблеми поврзани со бременоста (како што се прееклампсија или гестациски дијабетес) .

Покрај тоа, на подготвителното интервју спроведено со бремените жени, акушерките бараат свесност за тоа што вклучува таквото раѓање.

„Ги прашуваме сите бремени жени дали се свесни дека овој вид на породување ја исклучува можноста за епидурална, дека може да биде многу поболно од раѓањето во болница и дека постои одредена можност за комплицирање на работите а во близиа нема никој кој може автоматски да интервенира“, објаснила за Today акушерката Џени Џозеф која ги водела овие разговори во Орландо, Флорида.

Друга работа што треба да се има предвид дома е цената. Ова породување може да чини помеѓу 3 и 9,000 американски долари и повеќето здравствени осигурувања го немаат вклучено во основниот пакет.

Без оглед на големата бура на негодување што го предизвикала одлуката да се ограничи можноста за присуство на породувањето, американските власти продолжуваат да инсистираат на тоа дека и на лекарите и медицинскиот персонал се должни да им обезбедат нормални и релативно безбедни услови за работа. Болниците исто така предупредуваат дека поради пандемијата и големиот број на интервенции што ги имаат, можеби нема да можат да интервенираат доволно брзо во случај на проблем па ги молат бремените жени за разбирање.

Фото: Unsplash

loading...