Поранешен возач на брза помош ја научил двегодишната ќерка да реанимира

Крис Пјетрофорте, некогашен техничар и возач на Брза помош, ја научил својата двегодишна ќеркичка како да му го спаси некому животот, а за тоа му помогнала детската песничка Baby Shark. Девојчето ја совладало постапката за реанимација на срце, а нејзиниот татко се пофалил за ова на Фејсбук, објавувајќи ја снимката.

0
167

„Ако ова прекрасно двегодишно девојче може да научи правилно да изведува масажа на срце и да дава вештачко дишење, што ве спречува вас??“, напишал Пјетрофорте.

На снимката која гордиот татко ја објавил на Фејсбук, девојчето ги слуша инструкциите и ја изведува постапката на реанимација и воопшто не ѝ требаат деталните упатства на татко ѝ.

„Секоја песна со ритам од 100 до 120 притисоци на градите во 60 секунди може да ви помогне полесно да ја совладате постапката, а Baby Shark е совршена за тоа“, објаснил таткото за Inside Edition.

Девојчето сега му помага на татко си да ги научи другите како некому да му го спасат животот и ја демнстрира целата постапка.

Целта ми е да едуцирам што поголем брј на луѓе. Што повеќе луѓе ја научат постапката, општеството ќе биде побезбедно“, додал тој.

Презбитеријанската болница во Њујорк објавила листа листа со дури 40 песни чиј ритам дговара на оној кој треба да се одржува при масажа на срцето.

Секако, идејата не е да слушате песни додека некого реанимирате, туку да ги запомните тактовите на одредена песна и во случај на нужда да го следите ритамот.

На листата се наоѓаат хитови како Heartbreaker од Мараја Кери, Quit Playing Games (With My Heart) од Бекстрит Бојс и I Will Survive од Глорија Гејнор.

If this beautiful 2 year old can learn CPR/AED, what's stopping you? Contact us today! www.centralvalleycpr.us

Central Valley CPR 发布于 2019年1月27日周日

loading...