Порано кумот беше закон, а сега заради оригиналност бебињата добиваат најбизарни имиња

Смислувањето на име порано беше привилегија на кумот, а сега на родителите им е најважно на детето да му дадат што понеобино и оригинално име па се отиде дотаму што една тинејџерка успеа да заработи околу два милиони денари само смислувајќи имиња за бебиња во Кина

0
420

Порано се знаело, името не бебето го давал кумот и тоа било закон. Едно време бебињата се крштевале по бабата или дедото, ама за да се избегне ривалството и непријателството помеѓу семејствата, фала му на Господ, оваа практика се напушти, па луѓето почнаа да бараат имиња за своите деца насекаде.

Кај нас едно време имињата се бараа во православните календари, а потоа стана лошо – почнаа да им се даваат имиња на познати личности, да се прават разноразни кованици, се даваа имиња на реки, планини, градови.

Очигледно, изборот на име за вашето дете може да биде исклучително тешка задача. Згора на тоа, родителите понекогаш одбираат толку бизарни имиња што во некои земји се забранети со закон.

Интересно е што дури и Меган Маркл немала право дa му го одбере на детето името што го сакала, туку морала да се придржува до кралските правила.

Исто така, дека носењето на оваа одлука е прилично сериозна и тешка потврдува и фактот што една тинејџерка заработила околу два милиони денари смислувајќи имиња забебиња во Кина.

Во обидот да најдат нешто оригинално родителите ја бараат инспирацијата и помеѓу скапоцените камења.

Имено, според Nameberry, забележан е пораст на популарноста на таквите имиња, а моменталнофаворити се имиња како Жад и Руби, додека Кристал, Амбер и Дајамонд се сѐ помалку популарен избор. Исто така, Оникс станало едно од најбрзо растечките имиња за момчиња во 2018.година, додека на топ листата се најдоа Аметист, Емералд, Џема, Голди, Ајвори, Џаспер, Џет, Опал, Перл и Сафир.

Кое е најнеобичното име на дете од вашата околина? Кој го смисли името на вашето дете? Што мислите вие за новите трендови?

Фото: Pixabey

loading...