Посвоила девојче па признала: Не ја сакам како своето биолошко дете

Признанието на една мајка на Редит (Reddit) шокирало многумина. Мајката која сакала да остане анонимна, открила дека повеќе ја сака својата биолошка ќерка од посвоената.

0
678

„Јас и сопругот од секогаш знаевме дека сакаме да посвоиме дете, а тоа и го направивме кога нашата биолошка ќерка Џун имаше две години. Многу сакавме деца, бевме финансиски стабилни и немаше пречки да не го направиме тоа па во нашиот живот влезе малата Чарли“, ја почнала оваа мајка својата приказна.

„Уште од почеток почувствував разлика во љубовта која ја чувствував кон Џун и онаа која ја чувствував кон Чарли. Ја обожував, но се чувствував како во рацете да не држам свое бебе, туку на пример, бебе на пријателката. Мојот сопруг го чувствуваше истото, но тој беше уверен дека сѐ ќе се смени во време“, раскажала таа.

„Меѓутоа, три години подоцна, ништо не се смени. Моите чувства останаа исти, недоречени. Не ме сфаќајте погрешно, многу ја сакам својата ќерка, но не на ист начин на кој ја сакам својата биолошка ќерка“, изјавила таа.

Повеќето луѓе не ја осудиле поради ова признание, имало и такви кои ѝ порачале дека тоа не е нормално.

„Се надевам дека тоа девојче никогаш нема да дознае што чувствувате кон неа“, коментирал еден татко.

„Нормални посвоители ги сакаат своите посвоени деца еднакво ако и биолошките родители“, додал друг.

Се јавиле дури и некои кои и самите биле посвоени како деца  и ѝ порачале дека знаат за што зборува затоа што тие самите го доживеале истото.

Фото: Pixabey

loading...