После разводот детето не би требало да одбира страна

Родителите кои им се лутат на своите бивши партнери, кои преку децата испраќаат непријателски пораки и зборуваат против другиот родител пред детето, предизвикуваат голем стрес и го ставаат детето во позиција на т.н.конфликт на лојалност.

0
263

За добрата слика за себе важен е односот со секој од родителите. Секој од ридителите претставува дел од идентитетот на детето. Родителите се одговорни за квалитетот на односот со децата, а детето има потреба да одржува однос со двајцата родители. Во случај на развод не престанува родителската улога. Во текот на разводот родителите треба засилено да внимаваат на потребите на децата бидејќи тие имаат силна потреба да се чувствуваат сигурни и да му припаѓаат на семејството.

Разводот на родителите за децата претставува губење на семејството кое го имале и им го нарушува чувството за сигурност и припаѓање. Ако родитеклите пропуштат да ја преземат одговорноста за квалитетот на односот со децата во текот и после разводот, одговорноста ќе ја преземат децата. Тие не знаат да излезат на крај со преземената одговорност и таа им претставува товар кој значително влијае врз нивното однесување и доживување.

Децата имаат силна потреба нивните родители да бидат среќни по цена да ги занемарат сопствените потреби. Децата имаат развиена емпатија и подеднакво се грижат за двајцата родители. За да го задржат чувството на припадност децата ќе соработуваат со родителите занемарувајќи го сопствениот интегритет. Задржувањето на „добрата слика“ за родителите потребно им е на децата за да ги одржат добрите односи, особено со оној родители со кој не живеат.

Избегнување на вклучувањето на децата во своите препирки

Има случаи во кои се децата присилени да бираат страна. Понекогаш детето зазема страна своеволно, врз темел на сопствената проценка на ситуацијата, а понекогаш поради притисокот од едниот или од двајцата родители.

Родителите кои им се лутат на своите бивши партнери, кои преку децата испраќаат непријателски пораки и зборуваат против другиот родител пред детето, предизвикуваат голем стрес и го ставаат детето во позиција на т.н.конфликт на лојалност.

Истражувањата покажуваат дека децата кои се во конфликт на лојалност се подепресивни и анксиозни во споредба со децата чии родители се во судир, но не ги вклучиле децата во своите кавги.

Повеќето адолесценти чии родители се во судир, колку поголемо чувство на конфликт на лојалноста имаат, толку се подепресивни и нивното однесување повеќе отстапува од вообичаеното. Кога родителите кои се во судир ќе успеат да го избегнат вклучувањето на децата во своите препирки, прилагодувањето на нивните деца на разводот не се разликува значајно од она на децата кои доаѓаат од семејства со пониска стапка на судири во разводот.

Силна вклученост на двајцата родители

Често еден од родителите има поголеми барања и поцврсти граници во однос на детето од другиот родител. Децата се посклони да ја искажуваат својата повреденост и лутина кон родителот кој има послаби граници. Односот ќе се наруши ако родителот не постави јасни граници кои соодветствуваат на возраста на детето. Во такви ситуации детето ќе ја искористи ситуацијата на разводот за да не ги извршува секојдневните задачи, на пример, исполнувањето на училишните обврски.

Детето поуспешно ќе излегува на крај со промените ако родители успешно се реализираат во своите родителски улоги. Ако родителите покажуваат интерес за детето и за неговите активности, чувството на припадност може да се негува и понатаму. Стабилноста на односите помеѓу родителите и децата може да се одржи ако кон проблемите кои ги носи разводот се однесуваат си крајно внимание и грижа. На децата им треба силна вклученост на двајцата родители за да се чувствуваат сигурни и за да можат да имаат детство, а да не бидат оптоварени со проблемите на возрасните.

loading...