После 18 абортуси, конечно мајка на 48 години

Жена која го доживеа своето чудо по 18 абортуси, испраќа порака на надеж која никогаш не треба да се изгуби! Луиз Ворнфорд го родила своето прво дете на 48 -годишна возраст по речиси две децении борба и загуби....

0
415

Жена која го поздравила своето „чудо“ по 18 абортуси, сподели инспиративна приказна за надежта и чудата, што очигледно понекогаш се случуваат! Нејзиниот пат до мајчинството бил (премногу) тежок. Луиз Ворнфорд нема ниту една слика од бременост за споделување. По 18 спонтани абортуси, таа едноставно не можела да ја поднесе болката што ќе ја потсети на сите загуби.

„Никогаш не дозволив да ме фотографираат кога бев бремена, бидејќи претпоставував дека ќе го изгубам детето и не сакав потсетник на тој тажен спомен“, вели Ворнфорд. „Секоја загуба ме остави уништена. Сите мои надежи, сите мои соништа … целиот мој свет едноставно ќе се распаднеше. Никогаш не стана полесно“.

Тогаш се случи чудо, на 48 -годишна возраст.
По 16 години загуби, Ворнфорд го родила својот прв син Вилијам, кој дошол на свет на нејзиниот 49-ти роденден. Британската писателка и нејзиниот сопруг Марк (59) користеле ембрион од донатор како и неколку пати порано, пренесува Today.

„Кога ми го ставија Вилијам во прегратка, се чувствував како да сум добила на лотарија. Бев апсолутно еуфорична“, се сеќава Ворнфорд, кој денес има 53 години. Сите лекари и медицински сестри беа во солзи бидејќи ја знаеја мојата приказна“.

Ворнфорд сака да ја сподели својата приказна со другите за да ги охрабри сите родители кои се борат за нивното чудо!
Минатата година, Ворнфорд ја објави книгата „Детски соништа“, во која е детално прикажано нејзиното емоционално патување до мајчинството. Во книгата, Ворнфорд открива дека имала намера да се откаже кога др. Хасан Шехата, гинеколог во Англија, дијагностицирал покачени клетки „природни убијци“ или НК клетки. НК -клетките се дел од имунолошкиот систем и му помагаат на телото да се бори против инфекции. Шехата верувал дека тие можат да предизвикаат повторливи спонтани абортуси. „НК клетките мислат дека носите рак или вирус и ја убиваат бременоста“, објаснила Ворнфорд.

Таа вели дека лекарите ја третирале со комбинација на стероиди, детски аспирин и разредувачи на крв, а во јуни 2016. година, таа родила здраво машко бебе во 37-та недела од бременоста. Тоа било првпат да ја пречекори границата од 14 недели во бременоста.

За жал, овие терапии не функционираат кај повеќето жени, според др. Лора Шахин, директорка на Центарот за повторена бременост во Сиетл.

„Со децении, лекарите беа во загуба за начините како да им помогнат на жените со повеќекратни спонтани абортуси, и многу третмани што се фокусираат на имунолошкиот систем се уште ги фрустрираат жените“, вели Шахин. „Научните студии кои испитуваат драстично лекување со имуносупресија кај жените за спречување на абортус, не се покажале корисни, но жените – и нивните лекари – очајни за одговор и интервенција честопати и ги ризикуваат можните последици што доаѓаат со овие третмани.

И покрај сите болки во нејзиното срце, Ворнфорд вели дека би го направила тоа одново.
„Вилијам е совршен“, вели таа низ солзи. „Тој е мое чудо од дете. Само сакам да ви кажам дека никогаш, никогаш не треба да губите надеж!“

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]