Поткупувањето е емоционално злосторство со сериозни последици

Поткупувањето, од што и да било предизвикано, е апсолутно погрешно затоа што му испраќа порака на детето дека тој секогаш, па дури и кога ќе порасне, секогаш ќе добива нешто за возврат.

0
219

Животот е повеќе или помалку составен од разни непријатни, а корисни работи кои никој не ги прави со воодушевување. И додека ние возрасните, како рационални и разумни индивидуи, некако се справуваме со ова, на децата им е далеку потешко да разберат зошто треба да го сторат она што не го сакаат или што не им годи. За разлика од нас, тие ќе бидат лути, ќе плачат, па дури и ќе беснеат затоа што мораат рано да станат, да останат во градинка, да ги средуваат играчките, да јадат брокула и да го прекинат гледањето на цртаниот филм за да одат на спиење, што е стапица во која паѓаат многу родители.

Поради замор, губење на контролата врз ситуацијата, срам или убедување дека ова е единствениот начин да го добијат она што го сакаат од своето дете, мајките и татковците, а особено бабите и дедовците, се одлучуваат за мито. На овој „едукативен метод“, кој детските психолози го нарекуваат емоционален злостор со сериозни последици, му прибегнуваат и родителите кои секогаш го избираат полесниот пат, но и од оние кои не знаат дека детето е должно да ги слуша и да ги почитува.

Поткупувањето, од што и да било предизвикано, е апсолутно погрешно затоа што му испраќа порака на детето дека тој секогаш, па дури и кога ќе порасне, секогаш ќе добива нешто за возврат.

Подмитувањето, велат психолозите, носи многу опасности кои со време можат само да нараснат. Од една страна, родителите покажуваат беспомошност и недостаток на контрола, а детето учи како да ја води играта“ и живее со мислата дека со љубовта се тргува … За детето е најопасно да помисли дека може да не прави ништо, а да добие нешто за возврат и дека за сé што ќе направи, а не сака да прави, некој мора да му плати.

Ова, предупредуваат експертите, нè враќа на суштината … Детето мора да ги слуша своите родители, затоа што само така ќе биде спремно за живот, а во реалниот живот давањето и примањето мито е казниво.

Иако повеќето родители мислат дека децата се поткупуваат исклучиво со материјални работи како што се играчки, слатки, нови скапи патики, телефони и други гаџети, малите „поткупувачи“ често изнудуваат внимание, време и одредени отстапки. Затоа следниот пат кога детето ќе ви каже „Ќе ја изедам супата ако не морам да јадам грашок и салата“ или „Ќе ја средам собата ако ми дадеш цело чоколадо“ добро размислете што ќе направите. Ако попуштите, сметајте дека за двојка или тројка по математика можеби ќе ви побара пари или нов телефон.

Вие сте родител, можете да наградувате, но не и да поткупувате. Има голема разлика помеѓу тие две работи.

Фото: Pexels

loading...