Потресна вест за девојче кое се самоубило поради изолацијата и корона вирусот

„Мислев дека сум направила сѐ што требаше да направам како родител“, изјавила скршената мајка за загубата на својата ќерка.

0
781

Потресната вест што се случила во Калифорнија ги допре срцата на целиот свет.

Девојче кое имало само 15 години Џовиани ‘Џо’ Смит е  пронајдена мртва во нејзиниот дом во градот Стоктон, кадешто се обесила во екот на државните мерки за задолжителното останување дома како последица од пандемијата на коронавирусот.

Нејзината мајка, Даниел Хант, истакнала дека младата атлетичарка со ништо не навестила таков трагичен крај, дека не оставила проштална порака и дека, по сѐ изгледа дека стресот поради здравствената криза имал значајна улога во трагичниот исход.

„Мислев дека сум направила сѐ што требаше да направам како родител, секогаш да имаме отворена можност за комуникација. А понекогаш би требало да застанеме (со она што го правиме) и да се погрижиме за децата за кои повеќе не мислиме дека имаме причина за грижа“, рекла таа.

„Džo“ била втора година во средно училиште и многу ветувала како спортистка која играла софтбол.

Еден од нејзините поранешни тренери, Бил Фечер, ги повикал родителите преку Фејсбук да разговараат повеќе со своите деца за пандемијата, токму поради она што му се случи на ова прекрасно девојче.

„Не можам да замислам низ што минувала Џо додека не заврши вака. Нејзината мајка е самохрана мајка која води сопствен кетеринг сервис, на кој во ова време сигурно не му цветаат рози. Родители, ве молиме, не претпоставувајте дека вашите деца минуваат низ стрес предизвикан од оваа здравствена криза. Ве молиме, споменете го ова семејство во молитвите, но и контактирајте со другите, без да помислите дека се „сигурно, добро“, порачал Фечер.

Уште еден тренер на малата Џо, Кристофер Ли Мур, упатил апел:

„Како што многумина од вас знаат, една од моите ‘софтбол ќерки’ почина. Она што многумина не го знаат е дека таа се самоубила. А тинејџерските самоубиства и депресијата се нешто што често ни се случува во последно време. Сега, со Ковид- 19 пандемијата, работите само ќе се влошат. Јас живеам со две ќерки кои наскоро ќе дипломираат, една во средно училиште, другата на универзитетот Фресно Стејт. Знам дека и двете се борат со некои прилично силни емоции, од различни причини, но секако тие се – реални проблеми. Ова е време навистина да им се посветиме на нашите тинејџери, да отвориме јасни стази на комуникација и да се увериме дека се добро.

Не можеме само да претпоставуваме дека тие се добро, или да претпоставуваме дека добро се снаоѓаат со оваа ситуација. Знам дека на студентите и учениците кои работеа напорно и сега не можат да ги соберат плодовите на тој труд, како што се матурска вечера, пролетни спортови, екскурзии, матурски и дипломски. Ние, како повозрасни лица, честопати ја отфрламе важноста на овие работи за младите. А за нашите тинејџери, во светот во кој тие живеат, тоа им е речиси сѐ.

И, додека сѐ подлабоко навлегуваме во оваа криза и сè повеќе работи им се ограничуваат, треба да внимаваме на менталното здравје на нашите деца и да бидеме повеќе во контакт со нив за да видиме дали се тажни, депресивни, дали емоциите ги кршат. Како родители, треба да ги научиме на вештини што ќе им помогнат да го пребродат тоа, да зајакнат и сè ќе биде подобро. Не можеме секогаш да контролираме сè и секогаш ќе се случуваат некои работи што не сме ги планирале. На тоа треба да ги научиме и децата. Да ги научи да се прилагодуваат и да продолжат понатаму. Ги повикувам сите родители кои не разговарале со своите тинејџери за менталното здравје да го сторат тоа. На нашите тинејџери сме им потребни повеќе отколку што мислите “, порачал Ли Мур.

Оваа потресна приказна покажа една многу важна работа – пандемијата не само што ги носи жртвите на вирусот, туку и оние млади луѓе кои стануваат жртва на сопственото страдање, изолираност и отуѓеност.

Фото: Фејсбук

loading...