Појавата на темна линија под папокот е сосема вообичаено во бременоста

Иако поминале три месеци откако славната раперка Карди Би родила ќерка. Иако брзо се вратила во форма, некои детали на нејзиното тело се уште ја потсетуваат на бременоста.

0
152

„Девојки, како се ослободивте од црната линија на средината од стомакот после породувањето?“ ги запрашала Карди Би своите пријателки на Инстаграм.

За да покаже што мисли, објавила фотографија на која позира во црна тренерка и спортски топ. Открила рамен стомак, а под папокот се назира темна линија.

Станува збор за линеа негра која потемнува под влијание на промените на хормоните во бременоста, објаснува American Pregnancy Association.

„Телото во бременоста произведува поголеми количини естроген, а тоа влијае врз производството на меланин заради кој кожата потемнува“, велат стручњаците.

Всушност, линеа негра е честа појава помеѓу трудниците и новопечените мајки која се појавува за време на бременоста и не може да се спречи. Обично избледува по породувањето, а трајно останува само во ретки случаи.

loading...