По 14 абортуси, освоиле ИВФ на Фејсбук натпревар и после 20 години, добиле бебе

Џејсон и Џо Сколен по 14 абортуси и безброј третмани на медицинско потпомогнато оплодување, освоиле уште едно ИВФ на Фејсбук натпревар и среќата конечно им се насмевнала - добиле ќерка.

0
169

Џо Сколен (47) и нејзиниот сопруг Џејсон (49) речиси се откажале од надежта дека ќе добијат бебе откако се обидувале речиси 20 години. Имено, почнале да се обидуваат во 2000. година.

Таа немала проблем да забремени, но бременоста никогаш не траела подолго од 14 недели – и првично лекарите не можеле да дознаат зошто.

Тие се обидувале со ИВФ, но тоа не успеало, и откако им снемало средства, без многу надеж се пријавиле на Фејсбук натпревар за бесплатно лекување за медицинско потпомогнато оплодување на Кипар.

После сите неуспешни обиди, процедурата успеала, а двојката минатата година го дочекала своето бебе, Џесика Роуз.

„Немавме повеќе средства, бевме исцрпени финансиски и емоционално и решивме да си ја испробаме среќата“, изјавил Џејсон за „Мирор“.

Во момент на очај, Џо кликнала на маусот и решила да учествува на натпреварот. „Го изгубивме 14-тото бебе, мислев дека на нашето дете едноставно не му е судено. Потоа пристигна известување по е-пошта дека сум го освоила третманот”, раскажала оваа 47-годишна жена.

Џејсон и Џо патувале 36 часа до клиниката во Кипар. Првиот циклус од третманот не бил успешен поради грешка што се случила пред фазата на имплементација, па им бил понуден уште еден. Една недела подоцна, тие дознале дека ќе станат родители.

Џо родила девојче, Џесика Роуз, кое сега има 13 месеци.

„Не можев да верувам дека е таму, дека е со нас. Но, таа беше вистинска”, се сеќава Џо која ја споделува својата приказна за да им покаже на другите двојки кои поминуваат низ слична ситуација дека секогаш има надеж.

Фото: Pixabay

loading...