Празниците носат ерупција од емоции: Научете ги децата да прифаќаат подароци без лутина

Децата може да се научат на пристојно однесување, но експертите велат дека не знаат што навистина значи благодарност сè додека не наполнат осум или девет години.

0
63

Додека траат празниците, децата се надвор од нивната секојдневна рутина. Тие јадат бонбони и со нетрпение чекаат подароци, додека постарите лица загрижено пристапуваат кон купувањето подароци, прашувајќи се дали го одбрале вистинскиот. Уште малку денови не делат од Божиќ, ова е добра можност да ги подготвите своите деца за празничната еуфорија, за да не се појават непријатности.

Вежбајте на време

„Благодарноста кога примаме подароци е прашање на елементарна пристојност. Задача на родителите е да ги подготват однапред“, објаснува педагогот Дајан Готсман.

„Не им давајте долги поуки за убаво однесување. Исто така не е препорачливо да ги терате да му се воодушевуваат на секој подарок. Родителите прават грешка принудувајќи ги децата да даваат прегратки и бакнежи, особено во ситуации кога не ја чувствуваат таа „благодарност“, објаснува Готсман, како што пренесува HuffPost.

На децата треба да им се каже дека понекогаш добиваат подароци што се одлични, а понекогаш нема да им се допаѓаат.

Помагајте за собирање донации или за правење подароци за другите

Ако вашето семејство е подготвено да собере средства за да купи подароци за оние што се социјално загрозени, предложете им на вашите деца да ви помогнат во тоа. Така, тие ќе сфатат дека за секој подарок е потребно да се вложат напор, време и креативност.

„Купувањето за други е важен начин да се разбере вредноста на подароците што некој ги подготвил за нив“, објаснува хуманитарната активистка Кери Маунус.

Помогнете им да ги искажат своите чувства

Празниците честопати создаваат конфузија во нивните глави. Тие сметаат дека е тешко да седат трпеливо и да ги чекаат другите членови на семејството да ги отворат подароците. Најчесто, тие сакаат да дознаат што добиле веднаш, а хаосот се интензивира ако не се наспани или претерале со слатки.

„Ако вашите деца имаат проблем со трпеливоста, прво препознајте ги нивните чувства. Децата продолжуваат да бидат безобразни затоа што сакаат ние да разбереме како се чувствуваат. Ако им покажете дека ги разбирате, тоа може да има позитивен ефект врз нив”, објаснува воспитувачката Џули Рос и додава дека родителите мора да ги разберат децата пред да ги обвинат дека се алчни.

Не се откажувајте од очекувањата

Децата може да се научат на пристојно однесување, но експертите велат дека не знаат што навистина значи благодарност сè додека не наполнат осум или девет години.

„На рана возраст, тие едноставно немаат можност да разберат како се чувствуваат луѓето од нивната непосредна околина“, објаснува професорот по психологија Стивен Мејерс.

Фото: Pixabey

loading...