Прашајте педијатар: Зошто на моето дете често му крвари носот?

Дали одложеното сечење на папочната врвца е подобро за бебето, прашува бремена жена. Дали алергиите од детството кои исчезнале, се враќаат подоцна во животот, прашува мајка. На детето му крвари носот, што да правиме, прашува загрижена мајка. На сите овие прашања побаравме одговор д-р Наташа Чучкова Никчевска, специјалист-педијатар во Жан Митрев Клиника.

0
98

Наташа Чучкова Никчевска e специјалист-педијатар во Жан Митрев Клиника. Доколку имате било какво прашање или дилема во врска со здравјето на вашето дете, напишете ги на профилот на Фејсбук на порталот „Мајка и дете“ и очекувајте ги одговорите од нашата соработничка.

Што мислите за новиот тренд на породување во светот после кое мајките не ја сечат папочната врвца туку пуштаат тоа да се случи само по себе…дали е тоа навистина подобро за бебето, наместо, како што велат, трауматичното пресекување веднаш по раѓањето? 

Породувањето и  трендовите во породувањето подобро ги познаваат гинеколозите. Сепак, јас се потрудив да ви одговорам и ги видов официјалните ставови на Светската Здравствена Организација (WHO).  Од препораките на WHO  што се активни од 2012. година за превенција и третман на поспарталната хеморагија се наведува дека одложено подврзување на папокот ( цца 1-3 минути по породувањето) се препорачува за сите раѓања. Рано подврзување на папчето ( помалку од 1 мин) не се препорачуа, освен ако деето не е асфиктично и има потреба од неодложна ресусцитација.

Имам десетгодишен син на кој скоро две години повремено му тече крв од носот. Некогаш му тече многу малку, некогаш се удира, па протекува, а некогаш од чист мир. Токму вчера пред одење на училиште му се случи повторно. Ве молам за мислење и совет.

Честопати течењето на крв од носот е поврзано со проширени крвни садови во носот, односно Киселбаков плексус, кој е честопати одговорен за овие крварења. Би ви препорачала да одите на ОРЛ специјалист. Ако се исклучи и тоа тогаш детето да се проследи до педијатар/хематолог.

Син ми имаше како мал алергии на се и сешто, на полен, грињи, на прашина, волна, на цвет од тополи, на влакна од домашни миленици, итн. Неколку години пиеше Галитифен. Сега е полнолетен, а со години нема никакви проблеми, поточно, проблемите престанаа кога влезе во пубертет. Велат дека подоцна алергиите знаат да се вратат, па ме интересира дали е тоа точно и има ли шанси алергиите да не се вратат никогаш?

Алергиите се јавуваат како резултат на несоодветна имунолошка реакција на организмот против безопасен протеин од околината (алерген). Алерген специфични Т хелперни клетки (Th) играат главна улога во патогенезата на алергиските хиперсензитивни реакции. Овие клетки активираат комплексни имунолошки реакции кои водат до ослободување на потентни медијатори и зголемување на бројот на инфламаторни клетки, како резултат на што доаѓа до алергиски одговор кој води до појава на клинички симптоми на алергиско заболување. ​Склоноста кон алергии ќе биде присутна целиот живот кај вашето дете.

Бидејќи вашио син е веќе полнолетен, ако имате проблем ќе треба да се обратите на адултен пулмо-алерголог.

Фото: Pixabey

 

 

 

 

loading...