Првата љубов боли

Повеќето луѓе за првпат се вљубиле во тинејџерскиот период и сѐ уште го памтат тоа искуство. Иако тогаш им било од пресудно значење тоа дали ќе ја видат својата симпатија, дали ќе им се насмевне или ќе им се обрати, па секое игнорирање го доживувале како крај на светот, сега, кога тоа им се случува на нивните деца, сметаат дека е тоа смешно па ги тешат велејќи им дека еден ден и самите ќе се смеат. Но ним, на тинејџерите на кои тоа во моментот им се случува, НЕ ИМ Е СМЕШНО!

0
107

Раните врски од тинејџерскиот период обично траат кратко, само неколку месеци на пример, но тоа не значи дека се емоциите послаби или понеискрени отколку во зрелата возраст. Напротив, сѐ е уште понагласено, па тинејџерите соочени со чувството кое дотогаш не му било познато, почнува да се интересира за сѐ што има врска со неговата симпатија.

Кога адолесцентот првпат првпат ќе се соочи со љубовното страдање, родителите често тоа не го доживуваат сериозно и го убедуват детето дека сето тоа еден ден ќе му биде смешно. И веројатно се во право, но негирањето или омаловажувањето на чувствата на детето не е од помош, исто како што не помага и забраната вљубените да се гледаат.

Во овој период детето треба да се поддржува со совети и да се советува за да му се помогне колку е можно побезболно да помине низ љубовното страдање. На пример, можете да му ја раскажете приказната за вашата прва љубов, за тоа како завршила и што сте научиле вие од ова искуство. Покажете му дека е опкружен со љубов и со разбирање од блиските луѓе.

Сите фази низ кои поминува додека е вљубен, му помагаат на тинејџерот подоброда се запознае себеси, да научи да ги почитува другите и конечно, низ ова искуство и да созрее.

Исто така, и семејните односи и атмосферата во домот влијае на тоа какви партнери ќе бираат адолесцентите и како ќе се однесуваат кон нив. Тинејџерите кои пораснале во хармонични семејства полесно ќе излегуваат на крај со сето она што го носи љубовта и првите врски. Оние кои не наидувале на разбирање во семејството, честопати во зрелото доба талкаат од партнер до партнер, користејќи ги за кревање на самодовербата. Затоа, на адолесцентот секогаш треба да му покажувате дека сте тука за него, дека сте негово прибежиште и поддршка што и да се случи.

Фото: Sabina Ciesielska on Unsplash

loading...