Прв месец од бременоста – заради овие симптоми, веднаш на лекар!

Дали умереното крварење е нормално во раната бременост или е знак на спонтан абортус? Дали се честите главоболки резултат на зголемен крвоток или станува збор за нешто посериозно?

0
812

Нормално е да се грижите и да стравувате од своите телесни симптоми кои ги доживувате во првиот месец од бременоста.

Дали умереното крварење е нормално во раната бременост или е знак на спонтан абортус? Дали се честите главоболки резултат на зголемен крвоток или станува збор за нешто посериозно?

Кога се прашувате што да преземете во вакви и слични ситуации, лекарот нека ви биде примарен извор на информации.

Во текот на првата посета, прашајте го лекарот во случај на кои симптоми и појави треба веднаш да го контактирате. Затоа што е секогаш подобро да се спречи отколку да се лекува.

Следува водач за можните проблематични знаци и сипмтоми како и совети кога да го контактирате својот лекар впо првиот месец од бременоста.

Знаци и симптоми

Крварење од матката

Веднаш јавете се на лекар – ако имате средно до посилно крварење, било која количина на крварење проследена со болка, грчеви, покачена температура или грозница, истекување на парченца ткиво.

Јавете се кај лекарот во рок од 24 часа – било каква дамка или крварење кое трае подолго од еден ден.

Почекајте до следниот термин за преглед – ситни точкасти дамки кои исчезнуваат во текот на денот.

Повраќање

Проследено со болка или со покачена телесна температура – Веднаш!

Повеќе од 3 пати дневно или проследено со неможност за консумирање на храна и пијалоци помеѓу две повраќања – во текот на 24 часа.

Повремено или еднаш дневно  – во текот на следната посета.

Болка

Веднаш – силни или постојани главоблки, особено ако се проследени со вртоглавица, несвестица, мачнина или повраќање како и пречки во видот, умерена или поостра болка во карлицата, било каква болка во карлицата која не попушта неколку часа, болка проследена со покачена температура или со крварење.

Во текот на 24 часа – умерена постојана главоболка која не попушта по земање на лек (на пр.парацетамол)

При следната посета  – повремени умерени главоболки, повремени чувства на продување или штипење од едната или од двете страни на стомакот.

Останато

Покачена температура – Веднаш!

Болно мокрење, неможност за мокрење, долготраен запек (три и повеќе денови) – истиот ден.

Зачестено мокрење, умерен запек – во текот на следната посета.

loading...