Предупредување: Не ги ставајте креветите на своите деца до ѕидот

Мајка која сѐ уште тагува по својот двегодишен син кој го изгубила пред 12 години, ги повикува родителите да ги држат креветите на своите деца најмалку 30 сантиметри подалеку од ѕидот. Еве го нејзиното објаснување за ова предупредување

0
524

Синот на Џенифер Ренџер сега би имал 14 години. За жал, на само две години, тој починал ненадејно, а неговата мајка е сè уште неутешна и испраќа важно предупредување до другите родители за никој родител да не помине низ кошмарот што го доживеала таа.

На 16 октомври 2008. година, таа го сместила своето двегодишно дете во неговото креветче, кое било поставено веднаш до ѕидот. Од другата страна на креветчето имало ограда. Го покрила и му посакала добра ноќ. Околу 1 часот по полноќ го проверила, тој спиел на средината од креветчето, па таа си легнала во нејзината соба.

Некаде после 8 часот наутро се разбудила, ставила да се прави кафе и отишла во бањата. Потоа отишла да го разбуди својот син, но тој не бил во креветчето. Во паника, почнала да го бара, а потоа сфатила дека е помеѓу креветот и ѕидот. Само главата му била на душекот. Таа го повлекла и сфатила дека неговото тело е безживотно.

„Син ми починал околу 3 часот наутро од позициска асфиксија. Заглавил меѓу креветот и ѕидот и не можел да излезе. Мислев дека можам да го заштитам со монитор и со оградичка на креветот. Сите што го познавам (вклучувајќи ги и моите родители) ги ставаат креветчињата веднаш до ѕидот. Сè уште не можам да се ослободам од вината што ја почувствував кога лекарот го напиша извештајот во кој ја наведе позициската асфиксија поради небезбедни услови за спиење како причина за смртта на мојот син“, напишала оваа мајка на Фејсбук.

loading...