Предупредување: 3 часа дневно на социјалните мрежи го уништуваат мозокот на вашите деца!

Тинејџерите кои поминуваат повеќе од 3 часа дневно на социјалните мрежи се под поголем ризик од ментални заболувања, покажува најновата студија во САД.

0
161

Новото време донело и нови болести на зависности. Напредокот на технологијата, колку и да го олеснува нашиот секојдневен живот, истовремено носи со себе и опасности за здравјето.

Во САД е направено научно истражување чии резултати се алармантнитинејџерите кои поминуваат часови листајќи Фејсбук, Инстаграм и Твитер имаат многу поголеми шанси да заболат од некое психичко пореметување, какви што се депресија, осаменост, анксиозност.

Исто така, таквите деца можат да бидат многу поагресивни или пак поповлечени во однос на другите деца. Меѓутоа, проблемот е што тие други деца се многу малку.

Имено, во истата студија е утврдено дека 95 отсто од испитаните деца имаат паметен телефон, а дури 45 отсто од нив рекле дека се „речиси константно“, по цел Божји ден, „висат“ на социјалните мрежи или на Јутјуб. Иако е ова истражување направено во САД, со голема сигурност може да кажеме дека вакви резултати би можеле да се покажат и во други делови од светот, особено во Европа, па и кај нас.

Тимот на научници од Универзитетот „Џон Хопкинс“ од Балтимор наведува дека иако резултатите од истражувањето се многу загрижувачки, но дека сепак не е се изгубено и им сугерираат на родителите да реагираат уште на првите сигнали на евентуални промени во однесувањето на децата. Освен тоа, препорака е и да го следат нивното однесување на социјалните мрежи, како и колку време дневно поминуваат онлајн.

Истражувањето кое е многу репрезентативно, затоа што во него учествувале околу 6 илјади тинејџери (на возраст од 12 до 15 години), покажало дека дури 97 отсто тинејџери користат барем една од 7 најпопуларните социјални мрежи како што се Фејсбук, Инстаграм, Редит, Снепчет, Тумбир, Твитер и Јутјуб. До сите овие платформи многу лесно се пристапува, што е уште една од „мамките“ за оваа популација.

Од една страна социјалните мрежи се фалени затоа што им помагаат на младите да стекнат технички вештини и овозможуваат градење на односи ширум светот (на пример, двајца тинејџери од различни краеви на светот овој момент можат да се допишуваат или да играат видео игра, а никогаш да не се виделе), но од друга страна, лошо е што имаат и своја темна странапораст на агресивното однесување или помалку часови за спиење и за вежбање.

Во истражувањето младите биле прашани колку време дневно поминуваат на социјалните мрежидо 30 минути, повеќе од 30 минути, до 3 часа, повеќе од 3 часа, до 6 часа, повеќе од 6 часаа поминувале и специјален тест со кои се утврдуваат можни ментални проблеми.

Резултатите од истражувањето покажале дека оние кои дневно поминуваат повеќе од 3 часа на социјалните мрежи имаат поголеми шанси во иднина да имаат некое психичко пореметување.

Идните истражувања треба да покажат дали одредувањето на дневен лимит на времето поминато на социјалните мрежи или некои други мерки и ограничувања, би имале ефект за да се намали опасноста од ментални проблеми кои би можеле да ги зафатат младите“, се наведува во истражувањето.

Ова не е прво истражување од ваков вид кое дало слични резултати. И некои претходно спроведени, на пример во Канада, покажале дека тинејџерите кои зјапаат во екраните од своите оаметни телефони, влегуваат во опасност да станат депресивни или да бидат под поголем стрес…

Фото: Pixabey

loading...