Преку фотографија открила дека нејзиното дете има рак на око

Британка од англиската област Норфолк случајно, на фотографија, забележала знаци на рак кај своето бебе и, тоа може да му го спаси животот.

0
628

Триесет и тригодишната Стејси Деклерк била воодушевена од својот нов канон EOS 1300 D – празничен подарок од нејзиниот 37-годишен свршеник Ричард Барнс – и не можела да дочека да ги види фотографиите кои му ги направила на својот шестмесечен син Броди.

Подоцна, гледајќи ги фотографиите, забележала неприродна бледа дамка во неговото десно око. Тоа ја поттикнало да го однесе детето на лекар кадешто после серија тестови, бил дијагностициран ретинобластом, редок карцином на окото што обично ги погодува малите деца.
Благодарение на хемотерапијата, туморот се намалил и окото на Броди било спасено – иако ќе треба да оди на редовни прегледи додека окото не се развие целосно и додека не наполни пет години.
Фото: Фејсбук
loading...