Премногу мрзлива за да се породиш природно?!

Зборовите на свекорот еден ден по нејзиното породување со царски рез оставиле една мајка без зборови

0
124

Една мајка ја раскажала приказната за тоа како нејзиниот свекор се однесувал кон неа затоа што се породила со царски рез, но и како генерално се однесува кога станува збор за одгледување деца.

Свекорот Френк ја запозна нашата ќерка Авигеја, ден откако се роди.

Бев целосно исцрпена по долгото породување со итен царски рез, дека седев на креветот и го гледав сопругот како го ниша нашето дете во рацете.

Овој прекрасен момент го прекина свекор ми кога ми рече: „Беше премногу мрзлива за да туркаш, а?“

На прва, се обидов да го сфатам ова како еден вид шега, но не можев. Знаев дека зад тоа всушност стои целосна искреност. Тој е секогаш таков.

Бев премногу исцрпена за да одговорам било што, особено кога станува збор за нешто што знам дека е целосно спротивно од вистината.

За жал, ова не му е првпат и го прави и кога станува збор за одгледување на децата.

Кога тој и мојата свекрва дојдоа да не посетат неколку недели подоцна, сакаше на сите да ни даде на знаење дека само ние жените треба да менуваме пелени, да го храниме, да го капеме детето. Неговиот син не треба да го прави тоа, особено не тој за да помогне.

Секогаш кога Стјуарт, мојот сопруг, тргнуваше да стори нешто за нашето дете, тој ќе нагласеше дека јас или свекрвата треба да станеме и да го сториме тоа за него.

Овој вид на однесување трае со години, дури и кога имаме повеќе деца.

Традиционалните ставови на Френк за родителство често ги вознемируваат самите деца, кога тој им вели, на пример, дека момчињата не смеат да плачат. Како резултат на тоа, моите деца повеќе не сакаат да ја посетуваат својата баба заради неговото присуство. Тие дури се обидуваат да ги избегнат сите семејни собири, бидејќи тој ќе биде таму.

Искрено, и јас и Стјуарт сме прилично потресени од ова. Жал ми е што тој го избира овој начин и однос со своите внуци, наместо да се сврти кон љубовта и некоја пријатна семејна врска.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]