Престанете да барате совет на социјалните мрежи, однесете го вашето дете на лекар!

Моето дете повраќа цело попладне. Тој синоќа не спиеше ниту една минута, а не спиев ниту јас. Сега има температура над 39 степени и покрај сите таблети никако  не му спаѓа. Што да правам? Не, не барам совет. Јас само копирам објава што беше објавена во групата за мајки на социјалните мрежи.

0
91

Рејчел Гарлингхаус е авторка на неколку книги за родителство, новинарка и мајка на четири деца. Одлучила да ја сподели приказната и својата згрозеност од мајките кои бараат совет што да прават со своето болно дете и како да го лекуваат на родителските групи на социјалните мрежи

Моето дете повраќа цело попладне. Тој синоќа не спиеше ниту една минута, а не спиев ниту јас. Сега има температура над 39 степени и покрај сите таблети никако  не му спаѓа. Што да правам? Не, не барам совет. Јас само копирам објава што беше објавена во групата за мајки на социјалните мрежи.

Постојат уште десетици – да, десетици – други објави кои се неверојатно слични и не се случајни. Тие се појавуваат секој ден. Некои родители одат дотаму што објавуваат видео на кое нивното дете дише тешко, му се шири осип по телото или постојано кашла.

Јас сум мајка на четири деца и тука сум да ви дадам совет како мајка на мајка. Ако размислувате да им се придружите на мајките обидувајќи се да дијагностицирате здравствен проблем на детето преку Интернет, немојте! Наместо да консултирате илјадници непознати лица за здравјето на вашето дете, направете нешто друго. Нешто што има многу повеќе смисла.
Ако детето е болно, однесете го на лекар. Тоа е толку едноставно. Сфаќам дека патувањето среде ноќ до Ургентно не ве прави среќни. Јас исто така разбирам дека не е идеално или одлично да се помине саботата наутро во собата за итни случаи, опкружен со други болни луѓе. Сочувствувам со сите родители кои ги гушкаат своите деца со висока температура во чекалната на педијатарот – затоа што сите се жални. Странците во вашата група преку Интернет – дури и ако станува збор за некои медицински сестри или лекари – не се таму за да го испитаат вашето дете, да направат точна дијагноза и да кажат што треба да направите следно за да го излечите вашето дете.

Имам четири деца и се сметам за прилично искусна мајка. Полудувам секој пат кога ќе видам уште една слика на дете како повраќа и згора на ова временска лента за тоа колку пати повраќало за еден час и на крај прашањето „Колку крв е премногу?“

Актуелната болест на вашето дете може да биде честа појава во овој период од годината. Ова е сезона за споделување на микроби, нели? Но, што ако не е? Што ако детето се бори со нешто многу посериозно и поитно? Што ако лошото дишење на детето е знак на пневмонија? Што ако летаргијата и жедта на вашиот тинејџер се напад на дијабетес тип 1? Што ако вашиот претшколец има невообичаен осип и повраќање како последица од стрептокока во грлото – и му требаат антибиотици?

Не се обидувам да ве истерам, туку само да ви објаснам дека најпрофесионалната личност која го дијагностицира и лекува вашето дете е вистинскиот лекар, а не родителите што никогаш не сте ги виделе и нема да ги видите. Одете кај личност со врамена медицинска диплома на ѕидот и можност да ви напише рецепт. Не ѝ се предавајте на некоја мајка која си сите сили се труди да ви продаде есенцијални масла во момент на истоштеност.

Секојпат кога ќе прочитам серија одговори на очаен родител на болно дете, почнувам да се прашувам дали сум во друг универзум. Голем дел од советите што ги добива еден родител се целосно смешни, и ги молам родителите да бидат доволно паметни да не го следат. Дете покриено со мистериозен осип веројатно не треба да биде подложено на ледена бања – како што сугерира бабата на три деца – затоа што така правела таа и сите нејзини деца се живи и здрави. Секако дека сум за здрава исхрана, свеж воздух, пробиотици, киропрактична нега и други идеи за природно лечење – ако и кога имаат смисла. Но, како можете да лекувате болест без точна дијагноза?

Знам – звучи нереално, нели? Но, секој што е во онлајн групи на мајки знае дека не се шегувам. Останавме ние, практични, искусни родители кои едноставно одговараат: „Однесете го детето на лекар што е можно поскоро“.

Не тврдам дека каква било температура, осип, сува кашлица или дијареја бараат посета на педијатар. Се разбира дека не. Но, ако вашето дете има висока температура, не може да задржи ништо во себе, летаргично е, покриено со мистериозен осип или дури не може да оди – завиткајте го во ќебе и одете на лекар.

Не трошете време на сликање или на снимање видео и пишување детални описи за да ги објавите на вашата омилена група за мајки. Потрошете енергија на грижа за вашето дете. Бидете одговорен возрасен. Подоцна ќе има многу време за групен  чет со другите мајки.

Фото: Pixabey

loading...