Престанокот со пушење во раната бременост го намалува ризикот од предвремено породување

Секако, кога сте бремени е најдобро воопшто да не пушите. Меѓутоа, ако можете да престанете со пушење и во текот на бременоста, направете го тоа што порано и ќе го намалите ризикот од предвремено породување – стои во новото истражување

0
56

Додека сте бремени пушењето го изложува вашето дете на низа отровни хемикалии и ја зголемува веројатноста од сериозни компликации како што се мртвоновороденче, ниска родилна тежина и вродени маани.

Затоа, ако пушите, идеално е да престанете со пушењето пред да забремените. За жал, затоа што цигарите создаваат толку зависност, одвикнувањето од пушење во текот на бременоста може да биде вистинска борба, но е возможно. Новото истражување, објавено во списанието Journal of American Medical Association, нуди надеж за бремените пушачки.

Истражувачите ги анализирале податоците за раѓањето на повеќе од 25 милиони бебиња. Повеќе од 2,6 милиони жени пред бременоста пушеле, а четвртина престанала со пушење во текот на бременоста.

Еве што открило истражувањето:

Жените кои престанале да пушат во текот на бременоста, е малку веројатно дека ќе родат предвремено во однос на жените кои продолжиле да пушат во текот на бременоста. Тоа важи дури и за најзакоравените пушачки кои престанале да пушат.

Жените кои престанале да пушат порано имале помал ризик од предвремено породување. На пример, жените кои пушеле во средните дваесетти години и кои престанале да пушат во првото тримесечје, имале 20% помал ризик д предвремено породување. Ако престанале со пушење во второто тримесечје, ризикот се намалил за 9 отсто.

Истражувањето се потпира на податоците кои ги дале самите мајки, такашто е можно да биле пријавени помалку стапките на пушење. Во родните листови недостасувале и информации за некои други прашања кои можат да влијаат на ризикот од предвремено породување, како што е употребата на алкохол за време на бременоста.

Според Центрите за болести и превенција (CDC), 1 од 5 мајки пушат пред бременоста, а речиси 1 oд 10 е пушач во третото тримесечје.

Ако сте трудница и пушите, откажувањето од завосноста е еден од најголемите подароци кои можете да му ги дадете на бебето.

Фото: Pexels

loading...