Приказна за најмладата мајка во медицинската историја

Во мај 1939 година, на само пет години и седум месеци, Лина Медина од Перу родила момче со царски рез.

0
566

Осумдесет и седумгодишната Лина Медина од Перу е позната како најмладата мајка во историјата на медицината.
Родена е во 1933 година во фармерско семејство во перуанското село Тикарпо. Кога Лина имала пет години, нејзините родители ја донеле во болница. Тие биле многу загрижени затоа што девојчето имало надуен стомак. Првично, се претпоставувало дека Лина има тумор. Подоцна се покажало дека била во седмиот месец од бременоста.
Во мај 1939 година, кога имала само пет години и седум месеци, Лина родила момче со царски рез, кој бил неопходен заради неразвиената карлица на девојчето. Нејзиниот син имал 2,7 кг при раѓањето и го добил името Херардо по докторот Херардо Лозада кој ја породил. Врз основа на медицинската документација, заклучено е дека Лина останала бремена пред да наполни пет години.

Извештајот за овој случај бил објавен во медицинското издание La Presse Medicale. Извештајот посочува дека таквата рана бременост била можна поради раниот развој на девојчето. Првата менструација девојчето ја добила на возраст од 8 месеци и до четиригодишна возраст имала доволно развиени млечни жлезди; на возраст од 5 години, веќе е забележано карактеристично проширување на карличните коски.

Лина со нејзиниот двегодишен син и нејзината кукла

Бидејќи медицинската документација е целосно зачувана – Лина е евидентирана како најмлада мајка и како најмладата личност со предвремен пубертет.
Лина сега има 87 години и живее во Лима, главниот град на Перу.

Лина во 1969.година, фотографирана на пат кон работа

Како млада, Медина работела како секретарка во клиниката во Лима, која ѝ овозможила да се образува и ѝ помогнало нејзиниот син да заврши средно училиште. Во 1972.година се омажила за Раул Хауард и во 1972 година, 33 години по првото породување, во тој брак го добила вториот син.

Со сопругот во 1972.година

Никогаш не го открила идентитетот на таткото на првото дете, ниту околностите на нејзиното забременување, за кои се смета дека можеби и не ги знае бидејќи „не можела да даде прецизни одговори“. Таткото на Лина бил уапсен под сомнение за сексуално злоставување, но подоцна бил ослободен поради недостаток на докази.  Фактот дека Лина е негова мајка, а не сестра, Херардо ја дознал на 10-годишна возраст. Тој се развил правилно и имал нормален живот. Починал во 1979. година на 40-годишна возраст од болест на коскената срцевина.

Лина на 23-годишна возраст, со својот 18-годишен син. Се претпоставува дека човекот на фотографијата е нејзиниот доктор

Во 2002. година таа одбила да даде интервју за Ројтерс, исто како што во изминатите години одбивала многу новинари.

Случајот на Лина не е единствен во историјата на медицината, барем од моментот кога лекарите и научниците започнале да ги документираат ваквите феномени.
Пред Лина, Јелисавета Пантуева од Краков се породила на само шест години. Родена е во август 1928 година, а се породила во 1934 година.

Нејзиното породување било природно, бременоста поминала нормално и девојчето родило здраво бебе долго 50 сантиметри и тешко 3 килограми. Меѓутоа, за време на раѓањето, папочната врвца се заплеткала и детето починало.

Јелисавета преживеала, а откако била пуштена од болница, со своето семејство се преселила на Далечниот исток, каде што одела на училиште, но нема веродостојни информации за нејзината иднина.

Фотографиите се од ТУКА.

loading...