Причини поради кои лошите ученици подоцна би можеле да заработуваат подобро од одличните

Сите знаеме луѓе кои многу тешко се справуваат со неуспехот. Дури и најмалите грешки ги сметаат за големи проблеми. Но, лошите ученици научиле да добиваат лоши оценки, но и добри. За нив, лошата оценка (неуспехот) не е крај на светот. Во реалниот живот, тие се справуваат многу подобро со стресот и откако ќе згрешат полесно наоѓаат друго решение.

0
285

Многу родители се обидуваат да ги уверат своите деца дека оценките во училиште се навистина важни. Неретко тие ги казнуваат за лошите оценки и ги принудуваат да учат повеќе за да ги поправат. Но, во реалниот живот многу често оценките воопшто не се важни. Колку пати сте слушнале за луѓе кои не биле многу успешни во училиште, но завршиле на високи позиции и постигнале завидни деловни успеси?

Затоа Bright Side се обидел во разговор со психолозите да го открие одговорот на прашањето зошто лошите ученици честопати стануваат поуспешни од одличните.

Тие не се заморуваат со оценките

За многу добри ученици, нивните оценки се показател за успех: ако имаат добри оценки, тоа значи дека постигнале нешто. Меѓутоа, сите оценки се субјективни и зависат не само од квалитетот на знаењето, туку и од други фактори, како што се наставниците и нивното расположение. На лошите ученици не им требаат оценки за да докажат дека се успешни. Во постигнувањето на своите цели, тие не бараат признание од другите луѓе, повеќе ги интересира колку се задоволни од она што го направиле.

Не се трудат со сите сили да остават (премногу) добар впечаток

Честопати за одличните ученици е многу важно да остават добар впечаток кај наставникот. Затоа се обидуваат да бидат активни, дури и кога не се заинтересирани за некоја тема. Но, лошите ученици не се обидуваат да импресионираат никого. Иако ги почитуваат наставниците, тие не го прават она што не сакаат да го прават.

Тие не прават сé сами

Многу добри ученици се држат до правилото: „Ако сакате да направите нешто, направете го тоа сами“. Ова е затоа што тие се навикнати да бидат сто проценти присутни и да контролираат сè сами. Во исто време, лошите ученици користат други луѓе за да го добијат она што го сакаат.

Во зрелоста, луѓето исто така се придржуваат кон овие обрасци: додека некои се исцрпени со тоа што прават повеќе отколку што можат реално, други ги предаваат своите задачи на различни луѓе.

Тие си дозволуваат несовршеност

Некои се држат до правилото, „Или ќе го правам тоа совршено, или воопшто не го правам“. Да се ​​живее вака е неверојатно тешко затоа што да се биде успешен на секое поле едноставно не е можно. Луѓето кои ќе поминат години настојувајќи да работат сè потешко и потешко, честопати завршуваат такашто прават работи што всушност не ги сакаат.

Полошите ученици честопати не се перфекционисти и важно им е само да ја одработат задачата.

Не прават работи што не ги интересираат

Лошите ученици никогаш не се принудени да прават работи што не ги интересираат, особено работи за кои сметаат дека се бесмислени. Наместо тоа, тие ќе се фокусираат на работите што ги интересираат. Но, одличните ученици ќе продолжат да ги учат сите работи само со цел да продолжат да бидат одлични ученици.

Се занимаваат и со други работи, не само со задачи

Лошите ученици го поминуваат своето слободно време онака како што сакаат: читаат, се занимаваат со спорт, свират музика, танцуваат или си играат со другите деца.

Според психолозите, одличните ученици често тешко се опуштаат затоа што секогаш се напнати не само ментално, туку и психолошки. За жал, овој проблем останува дури и кога ќе пораснат: тие често се чувствуваат анксиозно затоа што се плашат дека нема да ги исполнат очекувањата на другите луѓе.

Тие прифаќаат и неуспеси

Сите знаеме луѓе кои многу тешко се справуваат со неуспехот. Дури и најмалите грешки ги сметаат за големи проблеми. Но, лошите ученици научиле да добиваат лоши оценки, но и добри. За нив, лошата оценка (неуспехот) не е крај на светот. Во реалниот живот, тие се справуваат многу подобро со стресот и откако ќе згрешат полесно наоѓаат друго решение.

Подготвени се да ризикуваат

Луѓето кои не биле многу успешни во училиште, морале постојано да се прилагодуваат на ситуациите. Тие си дозволиле себеси да сонуваат и да не живеат според плановите на нивните родители. Затоа во зрелата возраст тие подобро се справуваат со сопствените грешки. Ако сакаат да го напуштат факултетот, да ја сменат работата или да се преселат во друга земја, ќе го сторат тоа. Тие се слушаат себеси и своите желби.

Фото: Pexels

loading...