Проблемите со видот кај децата се вистинска епидемија

Според некои проценки, до 2050.година дури 4,8 милијарди луѓе ќе го имаат ова пореметување на видот. Во Кина дури 90 отсто од младите се кратковиди и во таа земја веќе наголемо се зборува за епидемија.

0
123

Денешните деца поминуваат премалку време играјќи на отворено и во природа. Последица од ова се неактивноста и дебелината, полоша моторика, фокус и концентрација, појава на разни алергии заради премногу стерилните услови за живот, а стручњаците сега предупредуваат на уште еден здравствен проблем кој станува вистинска епидемија – проблемите со видот.

Конкретно, сѐ повеќе деца страдаат од кусогледост или миопија. Според некои проценки, до 2050.година дури 4,8 милијарди луѓе ќе го имаат ова пореметување на видот. Во Кина дури 90 отсто од младите се кратковиди и во таа земја веќе наголемо се зборува за епидемија.

И без оглед на тоа што кратковидоста е наследна, стручњаците велат дека не можеме да ги обвинуваме само гените за толку брзото ширење на тој проблем. Повеќето луѓе не се воопшто свесни колку околината и престојувањето на отворено влијаат на нашиот вид.

Престојот и играта на отворено го намалува ризикот од развој на кусогледост. Кога сме на отворено ги вежбаме очите да гледаат во далечина и да ги фокусираат предметите и појавите во далечина, а на видот благотворно делува и природната светлина.

Една студија покажала дека ако детето има кусогледи родители (генетски предиспозиции) и не поминува доволно време на отворено, неговите шанси да развие кусогледост растат на дури 60 отсто. Затоа не чуди што офталмолозите сметаат дека стилот на живот и седечкиот начин на живот во затворено, играат поголема улога во развојот на пореметувањето отколку саматата генетика.

Часовите поминати во играње игри во детскиот и раниот адолесцентски период ги зголемуваат шансите за појава на кусогледост. Тоа не е само затоа што гледањето во екраните е лошо за очите или како што би рекле нашите стари – „тоа ги расипува очите“, туку и времето кое децата го трошат за такви активности, го намалуваат времето поминато во играње на отворено.

Затоа никогаш не е прерано за да го водите детето на прошетки и да го пуштате да си игра на отворено. Откако се бебиња, треба да им се даде можност да престојуваат на свеж воздух и на дневно светло, затоа што со тоа спречуваме низа заболувања во иднина  му всадуваме на детето здрави навики.

Фото: Pixabay

loading...