Проверете дали имате надарено дете

'Менса' направи листа од 17 однесувања со чија помош можете да проверите дали вашето дете можеби има натпросечен коефициент на интелигенција. Ако имате вакво дете, бидете многу внимателни и како предупредување, прочитајте една куса приказна за родителските амбиции

0
135

Просечниот коефициент на интелигенција е помеѓу 90 и 110. Алберт Ајнштајн имал 160, Исак Њутн – 190, Тесла помеѓу 230 и 250, а коефициентот на Американецот со украинско потекло, Вилијам Џејмс Сајдис, врз основа на психолошкиот тест од 1933.година бил проценет некаде помеѓу 250 и 300. Според тоа мерило, Сајдис е досега најпаметниот човек. Сепак, тој не е меѓу оние кои со своите откритија и успеси го менувал текот на човештвото.

Здружението за високоинтелигентни луѓе „Менса“ состави листа од однесувања со чија помош можете да утврдите дали е вашето дете натпросечно интелигентно.

Проверете и проценете дали вашето дете прикажува некои или многу од овие однесувања и на крајот прочитајте ја приказната за Вилијам Џејмс Сајдис.

1. Има извонредна меморија.

2. Рано ги поминува интелектуалните етапи.

3. Рано почнува да чита.

4. Има необично хоби или интерес или пак длабоко знаење за одредени теми.

5. Не е толерантно кон другите деца.

6. Свесно е за случувањата во светот.

7. Самото си поставува високи стандарди.

8. Успешно е на училиште.

9. Сака да поминува време со возрасните или само со себе.

10. Сака да зборува.

11. Поставува многу прашања.

12. Учи со леснотија.

13. Има развиена смисла за хумор.

14. Музикално е.

15. Сака да има контрола над работите што се случуваат околу него.

16. Измислува дополнителни правила во игрите.

17. Екстроверт е или интроверт.

Вилијам Џејмс Сајдис е роден во 1898 година во Њујорк, во семејство на украински доселеници. Неговите родители исто така биле високоинтелигентни луѓе, а тој ја наследил страста кон учењето странски јазици од неговиот татко Борис, кој бил психолог, дипломирал на „Харвард“ и бил полиглот. Наводно, на 18 месеци Вилијам веќе читал Њујорк Тајмс, а во осмата година зборувал 8 јазици (латински, турски, грчки, француски, руски, германски, хебрејски и англиски). Не само што ги учел другите јазици, туку измислил свој јазик -„вендергуд“. Имал 11 години кога се запишал на „Харвард“, а неколку месеци подоцна држел предавања по напредна математика. Освен тоа, бил во состојба да го наведе точниот ден на важните датуми во историјата, а знаел неверојатно голем број историски податоци.

Дипломирал на 16 години.

Објавил и бројни трудови од областа на антропологијата, филологијата, социологијата, психологијата, термодинамиката и многу други области.

Како возрасен, тврдел дека зборува повеќе од 40 јазици, но никогаш не забележал некој позначаен животен успех.

Одлучил да живее повлечено и скромно. Тоа довело до судир помеѓу него и татко му. Токму таа голема амбиција на татко му му создала отпор  кон големите амбиции. На крајот работел како дрвосечач и никогаш не се оженил.

Имал само 46 години кога починал од последиците на мозочниот удар.

Фото: Pexels

loading...