Решивте да имате дете?

Кога ќе бидете подготвени да имате бебе, морате да направите многу повеќе од тоа што ќе престанете да ги земате антибеби пилулите или да користите кондом. Ако сте нетрпеливи, можете да го забрзате забременувањето со помош на неколку трикови кои се однесуваат на промена на некои ваши досегашни животни навики вклучувајќи го и начинот на исхрана, се разбира, прецизирање на периодот на овулација, но и начинот на кои ќе имате секс кога ќе решите да зачнете.

0
275

Кога станува збор за правење бебе, се е во добриот тајминг (исто така, ќе помогне и ако имате секс). Пред се, пресметајте кога имате овулација и дознајте кога се вашите најплодни денови, следете се, од пресметување во календарот до набљудување и почитување на суптилните пораки што ви ги испраќа вашето тело.

Како да забремените брзо:

Совет 1: Посетете го вашиот лекар
Совет 2: Направете план за здрава бременост
Совет # 3: Дознајте кога имате овулација
Совет # 4: Имајте секс во вистинското време
Совет # 5: Дајте и поттик на спермата

Можеби сте желни да забремените, или можеби се надевате дека вашето бебе ќе се роди во одреден период од годината. Постојат навистина многу трикови со кои можете да ги поттикнете вашите шанси за брзо зачнување.

Почнуваме:

Совет 1: Посетете го вашиот лекар
Можете да ги поставите темелите за здрава бременост дури и пред да забремените. Постои поголема веројатност да имате успешна бременост кога вашето тело е на висина на задачата. Направете распоред за консултации и прегледи со вашиот доктор за да дознаете дали сте во вашата најдобра форма за оваа одлука – и да научите кои промени можат да ви помогнат во реализирањето на вашата цел.
Можеби нема да бидете во можност да закажете состанок веднаш или веднаш да ги решите евентуалните здравствени проблеми, но преземањето на овие чекори што е можно поскоро ќе ви помогне да зачнете полесно на подолг рок.

Совет 2: Направете план за здрава бременост
Кога се обидувате да зачнете, јадете здрава храна, одржувајте ја вашата здрава тежина, редовно вежбајте и обидете се да се ослободите од лошите навики (како алкохол, цигари и користење на лекови). Ограничете го внесувањето на кофеин на една шолја кафе на ден или пробајте со безкофеинско кафе. Кога ќе го посетите докторот разговарајте со него за сите лекови што сте ги употребувале или се уште ги употребувате и дознајте кои од нив може да ви штетат за време на бременоста. Можете драматично да го намалите ризикот од одредени малформации при раѓањето ако почнете со земање на фолна кислеина најмалку еден месец пред да почнете да се обидувате да се зачнете.

Совет # 3: Дознајте кога имате овулација
Најголемата тајна за брзо зачнување е да знаете кога имате овулација (кога вашите јајници ослободуваат јајце-клетка).
Имате овулација смао еднаш во секој менструален циклус, и имате само неколку дена во текот на овој период кога е можно да забремените. Знаејќи кога е овој период вие и вашиот партнер ќе го одредите времето кога е најдобро да имате секс за да ги подобрите шансите за зачнување. Можете да користите различни методи за да го одредите периодот на овулација. На овој линк се наоѓа калкулаторот за овулација со чија помош ќе можете да одредите кога се вашите плодни денови. (Доколку имате нередовни менструации, одредувањето на овулацијата може да биде тешко. Прашајте го вашиот доктор за совет)

Совет # 4: Имајте секс во вистинското време
Кога ќе го утврдите периодот кога вашите јајници ја излачуваат јајце-клетката, можете да испланирате да имате секс за време на вашите најплодни денови, што е обично три дена пред овулацијата и во текот на денот на овулација.
Имате голем број на денови за да направите бебе, бидејќи спермата може да преживее три до шест дена во вашето тело. (Вашето јајце преживува само еден ден.) Тоа значи дека ако имате секс во понеделник, спермата може да преживее во вашите јајцеводи до четврток – или дури и повеќе.
Ако не сте сигурни, кога ќе биде вашиот плоден период, само имајте секс секој втор ден. Ова значи дека ќе имате здрава сперма во вашите јајцеводи секогаш кога вашата јајце-
(Ако сакате да имате секс почесто од секои два дена, тоа е во ред. Тоа нема да ги подобри вашите шанси повеќе, но исто така, нема да ви штети)
Уште еден совет: Ако вие и вашиот партнер чекате за да имате секс во вашиот најплоден период, знајте дека тоа не значи дека после сувиот период ќе се случи магија. Напротив, вашиот партнер треба да ејакулира барем еднаш во деновите непосредно пред вашиот најплоден период. Во спротивно може да има израстоци на мртви сперматозоиди во неговата сперма.
(Забелешка: Вагинално подмачкување вклучувајќи плунка, маслиново масло, и повеќето други лубриканти врз база на вода можат да ја забават спермата. Прашајте го Вашиот лекар да ви препорача еден кој е безбедно да се користи додека се обидувате да зачнете).

Совет # 5: Дајте и поттик на спермата
Спермата има најдобри шанси да ја оплоди јајце-клетката кога е здрава, силна и обилна. Вашиот партнер може да направи неколку работи кои треба да помогнат:
Да престане да пие алкохол
Да се откаже од цигари и од рекреативни дроги
Нека се обиде да одржува здрава тежина. Дебелината може да го намали бројот на сперматозоиди и да ја забави спермата.
Да добива доволно одредени клучни хранливи материи – како цинк, фолна киселина, калциум и витамини Ц и Д – кои помагаат да се создаде силна и обилна сперма.
Да не користи топли кади и сауни или топли бањи бидејќи топлината ги убива сперматозоидите.
Колку поскоро вашиот партнер ги направи овие промени, толку подобро.

Колку долго треба да се обидувате, пред да побарате помош

Доколку планирате да забремените на природен начин, тоа е многу веројатно да се случи во текот на првите шест месеци. Тоа се случува кај 8 од 10 двојки.
После овој период колку скоро треба да побарате помош зависи од вашата возраст. Доколку сте постари од 40 години, побарајте помош веднаш. Ако сте на возраст од 35 до 40 години, зборувајте со специјалист откако сте се обидувале безуспешно уште шест месеци. Ако сте помлади од 35 веројатно треба да продолжите да се обидувате една година. Се разбира, ако знаете некоја причина кај вас или кај вашиот партнер поради која постои поголема веројатност да имате проблеми со плодноста, побарајте помош веднаш.

Фото: Pixabey

loading...