Родителите ги мешаат детските права со привилегиите

На прашањето: Дали е да се има телефон право на секое дете или привилегија, голем број родители без размислување би рекле: право.Но, дали е ова право?

0
86

Честопати денешните родители не можат да разграничат што е она на што детето има право, а што е она што е привилегија. Најчесто проблемите настануваат кога сакаат да ги научат своите деца да ги почитуваат правилата и да ги преземат одговорностите.

На прашањето: Дали е да се има телефон право на секое дете или привилегија, голем број родители без размислување би рекле: право.

Но, дали е ова право? Дали без телефон детето би било гладно, жедно, незаштитено? Дали е телефонот навистина неопходен за детето да преживее и да не биде занемарено? Второ прашање е, што всушност значи привилегија? Тоа е нешто за што некој дава одобрување. Возачката дозвола на пример, за нас возрасните, е привилегија. Некој ни ја одобрил. Некој кој пропишува правила и одговорности.

Во случајот со телефоните, таблетите и компјутерите, кој го одобрува поседувањето на тие апарати од страна на детето?

Секако, родителот, затоа што тој управува со семејниот буџет. Значи, телефонот, таблетот и компјутерот се привилегии.

Се согласувам со секој родител кој може и сака да му обезбеди на детето некоја од овие привилегии, дека тоа треба да го направи. Тоа е всушност идеална можност детето да научи дека привилегиите се заслужуваат, но за да се задржат, потребно е да се почитуваат правила. Ако сте добиле возачка дозвола, дали тоа значи дека смеете да поминете на црвено?

Секако дека не! Кога би се случило тоа, би ја изгубиле возачката дозвола, односно, привилегијата. Затоа јас на своето дете му давам да гледа цртани дури кога нешто ќе заврши (на пример, со појадокот) и постои правило кое гласи: „Цртани се гледаат со полн стомак“, и го местам саатот да ѕвони после 10  минути. Кога саатот ќе заѕвони, таа има обврска да го исклучи телевизорот, а ако не го направи тоа самата, го исклучувам јас, без збор. Ако се случи да се спротивстави на таков начин што ќе го фрли далечинскиот, тогаш ја губи привилегијата да гледа цртани на 2 дена (како што ние би ја изгубиле возачката ако направиме некоја штета со неодговорно возење).

Сега сигурно се прашувате: зарем тоа не е казна, а јас се залагам за родителство без казни?

Па не е… казна би била ако јас, покрај исклучувањето на телевизорот би продолжила да викам, да критикувам, да држам лекции дека не е испочитувам договорот. Јас не го правам тоа. Само велам дека ми е многу жаал што избра да не гледа цртани следните два дена.

Навистина ми е многу жал, и покажувам разбирање за неа кога таа плаче, и како опција ѝ нудам, ако таа сака, да се прегрнеме за да се чувствува подобро. Значи, ѝ помагам да го надмине ова разочарување.

Извор:  Рационално и позитивно родителство

Фото: Pixabey

loading...