Родителите за одење на море се спремаат како за експедиција на Северен Пол

Родителите не треба да се плашат од одењето на одмор со деца. Важно е да обезбедат доволна количина вода и храна за патувањето и најосновната аптека, вели професор Бранимир Несторовиќ од универзитетската детска клиника во Белград. Дали и вие се препознавате во насловот?

0
594

Професор Бранимир Несторовиќ, педијатар во Универзитетската болница во Белград, алерголог и пулмолог, изјавил за TV N1 дека родителите не треба да се плашат од одење на годишен одмор со децата. Важно, како што вели, да се обезбедат вода и храна за пат и најосновната аптека.

Несторович вели дека денеска е „модерно сите да се грижат и да се плашат“, и дека родителите за краток пат до Грцција или Црна Гора се подготвуваат како за експедиција на Северниот Пол.

„Децата се многу отпорни, ни се раѓаме со отпорност на најголемиот број болести. Зошто бебињата не би оделе на пат, не сум поддржувач на претараното заштитување на децата, треба да се понесат храна и вода, и тоа во доволни количини. Децата се чувствителни на дехидрација и треба да се носи храна која е лесна, некое чоколатце или кекс кои релативно брзо заситуваат“, објаснува тој.

Апелира на родителите да ги врзуваат децата во автомобилите затоа што децата до четвртата година имаат непропорционално крупна глава во однос на телото и при нагло кочење лесно можат да излетаат низ шофершајбна.

„Не ги пуштајте децата да се прпелкаат низ автомобилот“, советува Несторовиќ и додава дека иако е противник на давање телефони и таблети на децата, во текот на патувањето сепак можете да ги смирите на тој начин, затоа за тие неколку часа гледање во екрани не може да им се случи ништо лошо.

Додава дека при рака треба да имаат и облека за преслекување затоа што децата често се потат, а за климата во автомобилот вели дека колку е добра толку е и лоша, не само поради млазот ладен воздух, туку затоа што е често контаминирана со габички. Затоа климата треба да се користи умерено, со разлика од седум до најмногу десет степени во однос на надворешната температура на воздухот.

Зборувајќи за аптеката која треба да се понесе на пат, Несторовиќ вели дека не треба да се претерува. Со себе е доволно да имате пробиотик и препарат на цинк кој е најефикасен против диареја. Треба, како што вели, да се понесе и сируп за температура и предност му дава на ибупрофенот во однос на парацетамолот за кој вели дека не е баш толку безопасен.

Носење на антибиотици не советува затоа што тие често се злоупотребуваат. Советува и носење растителен сируп за кашлица и ханзапласт. За изгореници од медуза најдобар лек, вели, е да се втрие краставица, додека при убод од еж е задолжително да се јавите на лекар затоа што раната ќе загнои.

Кога станува збор за креи за сончање, Несторовиќ вели дека е тешко да се поверува дека една материја може да биде заштита за сите УВ зрачења, како и дека најефикасни се „некои целосно идиотски работи“ како сируп од бозел или црвено овошје. Советува на одмор да понесете очила за сонца.

За затита од комарци е најдобро на децата да им се дава витамин Б1, затоа што тој на инсектите „страшно им смрди“.

Несторовиќ објаснил и дека приморјето не е проблем за децата со алергии затоа што нема билки кои предизвикуваат алергија, ниту грињи затоа што е суво и топло. Доколку се оди на планина, треба да се води сметка за тоа дека на тие височини тревите цветаат еден месец подоцна.

Фото: Pixabey

loading...