Родителите милениумци не ги поттикнуваат децата доволно на игра

Децата на милениумците поминуваат двојно повеќе време играјќи си во затворен простор отколку децата на бумерс родителите. Милениумските родители имаат 73 отсто поголема веројатност дека ќе го планираат времето за игра, за разлика од бумерсите кадешто таа веројатност изнесува само 45 отсто.

0
89

Новото истражување на Меѓународната асоцијација на производители на играчки покажало дека родителите милениумци не ги поттикнуваат доволно децата на игра. Во истражувањето учествувале илјада американски родители, за да ги откријат генерациските разлики во ставовите за играњето.

Родителите родени во периодот после Втората светска војна до почетокот на шеесетите, таканаречените бумерс родители, се сложуваат дека децата имаат од играњето физичка корист, и тоа 93 отсто од нив, социјална – 87 отсто, емоционална – 85 отсто и когнитивна – 80 отсто.

Кај родителите милениумци овие вредности се помали. Тие сметаат дека децата имаат најмногу социјална корист од играта и тоа 75 отсто од нив, фиизчка корист – 74 отсто, когнитивна – 68 отсто и емоционална – 65 отсто.

Децата на милениумците поминуваат двојно повеќе време играјќи си во затворен простор отколку децата на бумерс родителите. Милениумските родители имаат 73 отсто поголема веројатност дека ќе го планираат времето за игра, за разлика од бумерсите кадешто таа веројатност изнесува само 45 отсто.

„Децата на милениумците поминуваат повеќе време во своите четири ѕида затоа што и тие самите живееле така. Масовното прифаќање на технологијата и користењето на мобилните телефони се развило во епидемија. Екраните буквално се натпреваруваатт со природата“, рекол Том Норквист, претседател на одборот за маркетинг на Меѓународната асоцијација на производители на играчки и додал дека пораките го замениле разговорот лице во лице и тоа е една од причините зошто луѓето поминуваат повеќе време во затворен простор.

Фото: Pixabey

loading...