Родителите се многу поголеми паничари од децата

Родителите кои ги сфаќаат децата и нивното школување како личен проект, веројатно ќе бидат анксиозни затоа што ги очекуваат разговори за домашните задачи, учење, одговорност, резултати.

0
91

Словенечкиот клинички психолог Александар Задел посочува на два екстреми во родителството: родители со очекувања кои многу бараат и се претерано заштитнички настроени  родители кои долгорочно претставуваат најголема опасност за децата, затоа што не им дозволуваат да научат да го живеат животот и да се справат со тешки ситуации.

Задел, кој исто така е и директор на Институтот за личен развој Корпус анима ратио, рекол дека по повод почетокот на новата учебна година, драматично поголеми паничари се родителите, додека се децата издржливи и генерално го прифаќаат училиштето како факт, пренесува мариборскиот весник „Вечер“.

Според него, родителите кои ги сфаќаат децата и нивното школување како личен проект, веројатно ќе бидат анксиозни затоа што ги очекуваат разговори за домашните задачи, учење, одговорност, резултати.

„Денеска луѓето се многу повеќе вештачки поврзани отколку некогаш. Под тоа мислам на поврзаноста на социјалните мрежи, а не на лична поврзаност. Таму се формираат некои општи ставови, уверувања и очекувања за тоа како училиштето, наставниците и децата би требало да изгледаат. На овој начин се губи односот кон индивидуалноста на самото дете, како и кон наставниците и училиштето“, рекол тој.

Како што рекол, денеска се води малку сметка за потенцијалот на детето, затоа што постои мислење дека сите ние сме способни да постигнеме нешто ако сакаме доволно и ако дадеме сѐ од себе.

„Тоа се огромни глупости“, рекол тој и додал дека притисоците врз детето во смисол на тоа дека на неговиот живот ќе има влијание ако нема најдобра оценка или ако не е најдобро, порано или подоцна ќе се манифестираат врз детето.

„Затоа тие се под голем стрес, а не затоа што училиштето премногу бара“, рекол Задел.

Фото: Pixabey

loading...