Родителски војни

Проблем во воспитувањето на детето, а како последица на тоа и помеѓу родителите, настанува тогаш кога родителите имаат различни, спротивставени ставови.

0
144

Кога луѓето се одлучуваат да започнат сериозна врска или брак, се потпираат главно на своите чувства кон партнерот и на тоа како се чувствуваат во врската.

Проценувајќи колку партнерот по своите особини им одговара, често не размислуваат за тоа како тој ќе функционира во некои улоги кои допрва им претстојат.

Затоа можат да ги изненадат дополнителните, а важни, големи меѓусебни разлики, како на пример, во улогата на родители.

Оптимално е кога двајцата родители делат слични погледи на воспитувањето – од покажување љубов до дисциплинирање – такашто се сложуваат околу целите на воспитувањето и начините на нивното постигнување.

Тоа не мора да значи двајцата истоветно да се однесуваат кон детето, туку да ги разбираат и да ги одобруваат воспитните постапки на другиот родител, кои, според потребата, позитивно ќе му ги толкуваат на детето.

Проблем во воспитувањето на детето, а како последица на тоа и помеѓу родителите, настанува тогаш кога родителите имаат различни, спротивставени погледи.

Тогаш секој од нив ги оценува воспитните постапки на оној другиот како неприфатливи.

Кога родителот кој инсистира на дисциплина го казнува детето, другиот родител гледа во тоа непотребно трауматизирање на детето. А кога другиот родител постапува попустливо или премногу заштитнички, другиот во тоа гледа расипување на детето.

Заради спротивставените гледишта на воспитувањето, родителите еден во друг гледаат лош родител, а детето како негова жртва. Во нивните односи се воспоставува „драмски триаголник“, динамика помеѓу проготнител, жртва и спасител.

Затоа се „мешаат“ во воспитувањето на другиот родител без оглед дали родителот кој го спасува детето станува агресивен кон другиот родител, или ја „поправа штетата“ тешејќи го детето кога другиот родител не е присутен.

Не само што ваквата динамика и неспоивите родителски ставови го збунуваат детето, туку и го плашат нивните меѓусебни кавги околу воспитувањето и можат да го наведат на заклучок дека е тоа виновно за нивниот лош однос.

Работата станува уште покомплексна кога ќе се вмешаат родителите на родителите (бабите и дедовците) со своите гледишта и совети, како и со своето влијание на детето.

Со оглед на тоа што децата денеска се една од највисоките животни вредности, постојаните конфликти околу воспитувањето стануваат постојани извори на незадоволство и лоши чувства за двајцата родители. МНогу често неразрешените конфликти помеѓу неа и него во улогите на мајка и татко се пренесува и на другите улоги, па станува конфликт помеѓу жената и мажот. Сето тоа го дестабилизира бракот и не толку ретко станува причлина еден од нив да се одлучи за развод.

Бидејќи разводот со кој се констатира дека тие повеќе не се маж и жена, не ги ослободува од улогата на мајка и татко, родителскиот конфликт продолжува и понекогаш се претвара во вистинска војна против омразениот „непријател“, во која не може да има победник. Затоа е добро на самиот старт од сериозна врска партнерите да се запознаат со воспитните ставови на другиот. Оние кои се уште меѓусебно „војуваат“ можат заедно да се вклучат во терапија на воспитниот стил.

Преземено од ТУКА.

loading...