Русија воведува задолжителни часови по шах во училиште

Министерството за образование и наука на Русија планира во следните две години во училиштата да воведе задолжителни часови шах за учениците од прво до четврто одделение

0
98

Според зборовите на руската министерка за образование и наука Олга Василјева, ова не бара дополнителни компетенции од учителите.

Министерството за образование и наука на Русија планира во следните две години во училиштата да воведе задолжителни часови по шах за учениците од прво до четврто одделение. Ова го соопштила министерката за образование и наука Олга Василјева.

„Планираме да воведеме задолжителни часови по шах во следнте две години, можеби дури и следната година, од прво до четврто одделение, еден час неделно“, рекла министерката.

Според неа, тоа од учителите не бара дополнителни компетенции.

„Тоа е многу едноставна програма. Конципирана е на таков начин што било кој учител може сам, користејќи ги препораките од методичарите, да ги научи децата да го разберат шахот“, истакнала таа додавајќи дека пред да ја донесе одлуката, Министерството спровело истражување.

„Не е никаква новост дека е шахот директно поврзан со унапредувањето на квалитетот на образование на нашите деца. Тоа е така во сите земји. Кај нас, во 40 региони се игра шах и тие покажуваат сосема поинакви резултати“, заклучила министерката.

 

loading...