Светот ги изневерува новороденчињата, вели УНИЦЕФ

Бебињата од земјите каде е најдобро да се биде роден имаат до 50 пати помали шанси да умрат во првиот месец од животот. Нашата земја има втора највисока стапка на смртност кај новороденчињата во Европа.

0
136
Стапката на смртност кај новороденчињата во светот и натаму е алармантно висока, особено меѓу најсиромашните земји во светот, изјави УНИЦЕФ денеска во новиот извештај за смртност кај новороденчињата.
Бебињата родени во Јапонија, Исланд и Сингапур имаат најдобри шанси за
преживување, а новороденчињата во Пакистан, Централноафриканската Република и
Авганистан се соочуваат со најлоши изгледи.
„Иако бројот на смртни случаи кај децата под петгодишна возраст е повеќе од
преполовен во последниве 25 години, не е постигнат сличен напредок во
надминувањето на смртните случаи кај децата помали од еден месец“, изјави Хенриета
Х. Фор, извршниот директор на УНИЦЕФ.
„Со оглед на тоа што поголемиот дел од овие смртни случаи може да се спречат, јасно е дека ги изневеруваме најсиромашните деца во светот.“
Глобално, во земјите со низок приход, просечната стапка на смртност кај
новороденчињата изнесува 27 смртни случаи на 1.000 деца, се вели во извештајот.
Во земјите со висок приход, таа стапка е 3 смртни случаи на 1.000. Новороденчињата од најризичните места за породување имаат до 50 пати повеќе шанси да умрат од оние во најбезбедните места.
Во извештајот, исто така, се забележува дека 8 од 10-те најопасни места да се биде
роден се наоѓаат во супсахарска Африка, каде бремените жени добиваат многу помалку помош за време на породувањето поради сиромаштија, конфликти и слаби институции.
Ако до 2030 година, секоја земја ја доведе стапката на смртност кај новороденчињата
до просекот на земјите со висок приход, може да се спасат 16 милиони животи.
Над 80 отсто од смртните случаи кај новороденчињата се должат на предвремено
породување, компликации за време на породувањето или инфекции како што се
пневмонија и сепса, се вели во извештајот.
Овие смртни случаи може да се спречат со пристап до добро обучени акушерки, заедно со докажани решенија како чиста вода, средства за дезинфекција, доење во првиот час, контакт кожа на кожа и добра исхрана.
Меѓутоа, недостатокот на добро обучени здравствени работници и акушерки
значи дека илјадници не добиваат поддршка за спасување на животот која им е
потребна да преживеат. На пример, додека во Норвешка има 218 лекари, медицински
сестри и акушерки кои опслужуваат 10.000 лица, тој сооднос е 1 на 10.000 во
Сомалија.
Овој месец, УНИЦЕФ отпочнува со глобалната кампања За секое дете, ЖИВОТ, преку
која се бараат и се носат решенија во име на новороденчињата во светот. Во
кампањата, УНИЦЕФ упатува итен апел до владите, здравствените работници,
донаторите, приватниот сектор, семејствата и компаниите за секое дете да остане живо преку:
Вработување, обучување, задржување и раководење со доволен број лекари,
медицински сестри и акушерки, кои се стручни за давање грижа на мајките и
новороденчињата;
Гарантирање чисти, функционални здравствени установи кои имаат вода, сапун
и струја на дофат на секоја мајка и бебе;
Давање приоритет на обезбедување животно-спасувачки лекови и опрема за
секоја мајка и бебе потребни за здрав почеток во животот; и
Јакнење на адолесцентките, мајките и семејствата да бараат и да добијат
квалитетна здравствена заштита.
„Секоја година, 2,6 милиони новороденчиња во целиот свет не го преживуваат првиот
месец од животот. Еден милион од нив умираат на денот на раѓањето,“ вели госпоѓа Фор.
„Знаеме дека можеме да спасиме огромен дел од овие бебиња со финансиски
прифатливи решенија на квалитетна здравствена заштита за секоја мајка и секое
новороденче. Само неколку мали чекори од сите нас може да помогнат да се обезбедат
првите мали чекори на секој од овие млади животи.“

 

Според податоците, Република Македонија има втора највисока стапка на смртност кај новороденчињата во Европа. И додека таа е во опаѓање во другите земји од Западен Балкан – овде отскоро е зголемена. Тоа не мора да биде така.

„На овие бебиња можеме да им дадеме повеќе од еден ден, повеќе од еден месец – повеќе од опстанок. Можеме да ги спасиме повеќето од нив преку финансиски прифатливи, квалитетни решенија на здравствена заштита за секоја мајка и секое новороденче.

Денеска во Њујорк и во целиот свет, УНИЦЕФ ја започнува кампањата „За секое дете, ЖИВОТ“, свесен напор што произлегува од заложбата на владите смртноста на новороденчињата да стане минато. Во неа владите, здравствените институции, донаторите, приватниот сектор, семејствата и фирмитесе повикуваат да го одржат секое дете во живот, насекаде.

Во нашиов контекст, тоа значи обезбедување соодветна пренатална грижа, прегледи и посети за сите бремени жени низ целата земја – особено за руралните жени, кои честопати се најоддалечени од здравствените служби. Затоа треба да се обезбеди пристап и брз трансфер во одделенијата за неонатална интензивна нега во случај на компликации.

Во земјава има одлични здравствени работници – но, лекарите и медицинските сестри се добри само колку што е добар системот во кој работат. Не само што треба да постојат меѓународно акредитирани протоколи и упатства засновани на податоци кои ги има во повеќето европски здравствени системи, туку и стручните лица треба да имаат капацитет да ги применуваат.

Во изминативе неколку години, акцентот беше врз реновирање и опремување, но како и со училиштата или полицијата-она што навистина е важно е човечкиот капитал и системите кои му помагаат да се развива и да им служи на граѓаните најдобро што може нудејќи им грижа што ја заслужуваат. Потребен ни е систем во кој квалитетот и темелноста ќе се наградуваат, а негрижата ќе се повикува на одговорност.

Конечно, треба да се осврнеме и на другите критични фактори кои водат до компликации во текот на бременоста. Во земјава, речиси секоја четврта жена пуши за време на бременоста. Ова го зголемува ризикот од повеќе негативни здравствени исходи поврзани со бременоста, вклучувајќи и ниска родилна тежина, неонатална смртност, мртвороденче и предвремено породување.

Идните мајки треба да бидат подобро информирани за знаците и симптомите на опасност и за ризиците при трудовите и породувањето. А најдобар начин ова да се направи е преку јакнење на мајките и семејствата да бараат и да добијат квалитетна здравствена заштита.

Ја поздравуваме неодамнешната определба на Министерството за здравство да изработи Акционен план за секое новороденче, со цел да се решат овие недостатоци. Заедно со нашите сестрински агенции Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за население на ОН (УНФПА), УНИЦЕФ ќе ги поддржи владата и народот во исполнување на вроденото право на секое дете на живот. На крајот на краиштата, ова е важно за сите нас, бидејќи придобивките од соодветната грижа во првата фаза од животот се трајни и претставуваат главна детерминанта за благосостојбата во животниот циклус на детето и за долгорочниот економски развој на земјата“, вели претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, господин Бенџамин Перкс.

 

Перкс.

 

 

loading...