Светот на Марко и Марија

Приказната за Марко, дете со аутистичен спектар на нарушувања и предизвиците со кои се соочува неговото семејство, како и стручните аспекти на первазивните развојни нарушувања, симптомите со кои се појавуваат, начините и протоколите за дијагностика како и методски постапки за третман и подобрување на состојбата...во истоимената книга на Ана Петреска. 

0
211

Новата книга на „Логопедско друштво Интеракција плус“ со наслов „Светот на Марко и Марија” се состои од два дела.

Во првиот дел е претставена приказната за Марко, кој е дете што има аутистичен спектар на нарушувања и предизвиците со кои се соочува неговото семејство поради неговата состојба.

Во вториот дел се зборува за стручните аспекти на первазивните развојни нарушувања, симптомите со кои се појавуваат, начините и протоколите за дијагностика како и методски постапки за третман и подобрување на состојбата.

Автор на книгата е логопедот Ана Петреска. Книгата е во издание на Издавачка куќа Феникс од Скопје. Цената на книгата е 200 денари.

loading...