Светот нема доволно бебиња за обновување на нашите редови

Можеби изненадувачки, но во светот бројот на родени деца и плодност се намалуваат. Најновиот извештај во САД покажа дека поради намалената стапка на раѓање во земјата, популацијата можеби ќе се соочи со проблем со идните поколенија.

0
166

Американска агенција ја испитуваше стапката на плодност за секоја држава во рамките на САД, и покажа дека со исклучок на Јута и Северна Дакота, сите имаат помали стапки на плодност кои не се доволни за да се одржи популацијата во иднина. Што значи ова!? Ништо друго освен дека жените раѓаат помалку деца.

За полесно да се разбере што значи ова, вкупната стапка на плодност го означува проектираниот број на бебиња на 1000 жени, или пак просечниот број на деца кои жената ги има во текот на животот. Според студија објавена во 2018, во 1950.година жените раѓале во просек 4,7 деца, но во 2017 бројката е преполовена, на 2,4.

Ова се стапки на светско ниво, но извештајот исто така пронајде дека во развиените западни земји, просекот е уште помал, 1,7. Кога стапката ќе се спушти под 2,1 состојбата станува загрижувачка, зашто тоа е еднакво на 2.100 деца на 1.000 жени. Извештајот на Центарот за контрола на болести и нивна превенција покажува дека во моментов просекот на новороденчиња од 1.765 е за 16 проценти помал од бројот кој e потребен за стабилно обновување на популацијата.

Сепак, овие бројки ги исклучуваат мигрантите и стапките на смртност. Исто така може да се забележи дека во Америка севкупната просечна стапка на плодност се намалува веќе неколку години. Иако нема конкретна причина за оваа промена, здравствените власти и експертите веруваат дека влијание имаат неколку фактори.

Еден од најголемите е економскиот статус. Да се израсне дете чини пари, па сѐ повеќе луѓе решаваат да имаат или едно дете или воопшто да немаат. Тука е и неможноста да се најде соодветна работа или да се обезбеди домување. Благодарение на сексуалната едукација и другите напори, стапката на бремености кај тинејџерите исто така, се намалува.

Американското општество има сè повеќе жени кои поради своите амбиции и градењето на кариерата или подоцнежно стапување во брак или општествени или семејни обврски, го одложуваат раѓањето. Кога се случува ова, некои жени можат да ги искусат предизвиците на плодноста или пак, родителите одлучуваат да имаат мали семејства.

А, има и жени кои уживаат во економската слобода и не сакаат деца. Но сепак, се чини дека статистиката го отсликува она што се случува во светски рамки.

Повеќе од половината од светски развиените земји, вклучувајќи ги оние во Азија, Европа, и Северна Америка се наоѓаат во состојба на ниско ниво на популација или се приближуваат кон него, а тоа не е доволно за да ја замени оваа генерација. Предупредувањата се дека ова ќе потрае барем една генерација, додека овие стапки да станат доволни за да предизвикаат значителен импакт за пополнување на нашите редови.

Експертите се прашуваат дали можеби ќе имаме многу повеќе возрасни и дедовци и баби отколку деца.

Што мислите вие за оваа? Колку деца имате вие и по колку деца во просек имаат луѓето околу вас?

Фото: Pixabey

loading...