Семејство: што беше тоа?!

Денес, кога семејството многу често нема ниту време, ниту услови да се развива во заедништво и толеранција, многу е важно да сфатиме колку е тоа важно, колку се важни нашите родители, браќа, сестри, деца, баби и дедовци ...

0
109

Меѓународниот ден на семејството беше прогласен од Обединетите нации во 1989 година, а за прв пат се прослави во светот на 15.мај 1994. година под слоганот „Семејниот ден не го прават предметите, туку срдечните односи меѓу родителите и децата.

Секоја година на 15.мај се одбележува светскиот ден на семејството со разни настани, кои не потсетуваат дека семејството е основа на денешното општество, дека од семејството и семејната средина се создаваат луѓето со нивниот карактер, ставови, верувања кои градат некој иден свет.

Денес, кога семејството многу често нема ниту време, ниту услови да се развива во заедништво и толеранција, многу е важно да сфатиме колку е тоа важно, колку се важни нашите родители, браќа, сестри, деца, баби и дедовци … сите тие се дел од секое одделно човечко суштество, сите тие се важни во развојот на личноста на поединецот и колку подобро, потолерантно, поповрзано семејство имаме, толку се поголеми шансите дека ќе одгледаме подобро, потолерантно и поповрзано општество.

Нашето семејство е наш почеток и крај, камен-темелник, поддршка, сила и безбедност. Без семејство сме изгубени, нецелосни. Родителите, понекогаш и поширокото семејство, играат клучна улога во животот на детето, бидејќи детето учи од родителите и од најблиските и го следи нивниот пример.

Развојот на детето зависи од родителите, и физички и психички. Секоја минута што родителите ја вложуваат во воспитување на своето дете е добро потрошено време. На детето му треба да му се посветите, да работите со него, да разговарате и да бидете тука за него кога и да му треба. Ова не е секогаш лесно, особено во ситуации кога родителите се премногу зафатени, честопати за да му обезбедат на своето дете сè што е потребно за нормален живот и среќно детство. Честопати, оваа прекумерна работа создава нов проблем, а тоа е недостаток на време што родителите го поминуваат со детето, такашто детето иако ќе има сѐ друго, нема да го има најважното, присуството на родителите, поради што може да се чувствува осамено и запоставено. На детето му треба вниманието и времето на родителите, затоа што без тоа тешко може да порасне во среќна и исполнета личност која кога ќе порасне, ќе знае да им даде љубов и внимание на своите деца и најблиски.

Фото: Unsplash

loading...