Се породила пред 6.000 луѓе кои го следеле раѓањето во живо (ВИДЕО)

Бизнисменката Ема Исак го родила своето шесто дете во базенот во својата дневна соба опкружена со целото семејство, вклучувајќи ги и децата и кучето, а целиот настан бил пренесуван во живо, на Инстаграм.

0
191

Австралијанката Ема Исак сите пет деца ги родила во базенот во својата дневна соба. Кога дошло време и за шестото, изборот повторно бил ист со тоа што освен што била опкружена со целото семејство, вклучувајќи ги и децата и кучето, целиот настан бил пренесуван и во живо, на Инстаграм.

Но, таа не го зачувала овој интимен настан само за нивните очи, туку го пренесувала на Инстаграм и го споделила со туѓинци од целиот свет.

„Во ред, пријатели, изгледа дека ќе имаме акција вечерва. Болките се во интервали од седум минути. Мојот мобилен телефон ќе им го дадам на пријателите и семејството кои се тука со мене и сите ќе можете да гледате. Ќе го споделиме во живо настанот кога ќе дојде вистинскиот момент. Моите две бабици и дулата сѐ уште не се тука, но нема да треба долго. Се чувствувам силно и подготвено “, рекла Ема на почетокот.

Таа запалила свеќи во дневната соба, а низ трудовите ѝ помагал сопругот.

„Кога се роди моето последно бебе Пајпер, сакав да го пренесувам раѓањето, но ме предомислија, а потоа ми беше жал. Не сакав да ја направам истата грешка и сега“, додала таа.

Сите свои деца таа ги родила дома. Смета дека ова е најубавиот начин да се донесе дете на светот, па сакала да им покаже и на другите жени како изгледа тој процес. Родила машко дете пред 6.000 луѓе кои го следеле раѓањето во живо.

Фото: Инстаграм

loading...