Се прашувате дали можете да влијаете на интелигенцијата на вашите деца?

Токму овие празнични денови се можност да почнете да минувате повеќе време со своите деца и тоа да ви помине во секојдневна навика, без оглед на обврските. Да, токму тоа е еден од начините на кои можете да влијаете дури и на нивната интелигенција

0
120

Сите родители се соочуваат со многу емотивни моменти во растењето на децата – уште откако нашето шестмесечно бебе се буди на секои два часа во текот на ноќта, кога нашето петгодишно дете не сака да си легне или не ви дозволува дури ни после еден час заспивање и читање приказни, да си одите од собата и да ги довршите домашните обврски или кога нашиот тинејџер не сака да ја почитува забраната за користење на мобилниот телефон во текот на учењето.

Бидејќи секое дете и неговиот развој е приказна за себе, техниките на учење и воспитување што ги применуваме кај едното дете можеби нема да вродат со плод кај другото. Затоа родителството кое води сметка за емоционална сигурност, е побитно од секоја техника.

Значи, што е клучно за развој на мозокот на нашето дете, особено во емотивно стресните моменти? Накусо, одговорот е дека сте тоа токму вие, родителите. Но, не е важно само вашето физичко присуство, туку и емоционалното. Да се биде емотивно сигурен значи да се храни мозокот на детето како што ги храниме нашите стомаци.

Еве неколку начини како да го развивате мозокот на вашето дете секој ден:

Секој ден издвојте време кога повторно ќе бидете дете

Издвојте секој ден најмалку 20 минути и заборавете на својата возраст,  на зрелоста, истражувајте со своите деца и заедно радувајте му се на она што сте го откриле. Играта нека биде непрекината и нека ја води детето. Ако тоа сака да боите, бојте со него. Ако сака да си игра со кукли, лекари или да се „качува“ на Месечината, одете со него. Ако вашиот тинејџер сака да играте видеоигри, направете го тоа.

Не го критикувајте и не му кажувајте на детето што и како да си игра. Бидете тука и гледајте на светот преку негоите очи.

Раскажувајте му семејни приказни

Не ги чувајте телефоните на масата. Времето во текот на ручекот е одлично за развој на мозокот. Наместо да гледатево екраните на мобилните телефони, исполнете го времето поминато во текот на ручекот со приказни за семејството. Статистиката вели дека децата кои ја познаваат историјата и потеклото на своето семејство имаат поголема самодоверба, поголемо чувство на контрола на својот живот, а со самото тоа е поголема и веројатноста да бидат емоционално здрави и среќни.

Подарете му време – нека му биде здодевно

Немојте да ги заробувате децата во креативна немоќ. Постојаното приредување на некоја забава за децата, всушност, ја кочи нивната креативност. Психолозите сугерираат дека 15 минути здодевност не само што го поттикнува креативното размислување, туку ги наведува луѓето да бараат смисла и да истражуваат.

Затоа, дозволете му на детето да му биде здодевно.

Поставете си себеси едно прашање

Кога и да се вашите децата емоционално оптоварени, запрашајте се: „Како да им пријдам на еден емотивен сигурен начин, за да знаат моите деца дека се сакани?“. Поврзаноста и разговорот со децата се пресудни за развој на мозокот. Нежниот бакнеж и прегратката по напорниот ден во училиштето не е само гест. Ендорфинот, хормон кој притоа се ослободува во мозокот, му помага на детето да се чувствува сигурно и опуштено со намалување на физичката и душевната болка. Спротивно, ако сме остри, недоследни и исклучителни, ние на детето му праќаме порака дека за него нема да бидеме тука кога ќе му бидеме најмногу потребни.

Затоа, освојте го срцето на вашето дете во раната возраст и ќе можете да влијаете на неговото однесување во текот на целиот живот.

Преферирајте контакт со очите наместо со телефоните

Децата сакаат секогаш да бидат во центарот на вашето внимание.

Ништо од ова не бара ниту премногу време ниту преголем ангажман, а на вашето дете многу ќе му значи ако се обидете кога ќе бидете заедно да бидете навистина заедно без да го прекинувате заедничкото време со телефонски разговори или одговарање на мејлови, читање на пораки и слично. Обидете се да го почитувате ова правило и не само што ќе влијаетe на интелигенцијaта на своето дете, туку и на неговото однесување и самодоверба.

Фото: Pixabey

loading...