Сина боја за девојчиња, а розева за момчиња – како дошло до промена?

Полните разлики не се изразувале од секогаш со бојата на облеката на бебињата, со нивните играчки. Родителите, според можностите, а условени од друштвените стандарди се согласувале со тоа розевата боја да е за момчињата, а сината за девојчињата.

0
196

Денеска се водат сериозни дебати на тема од каде водат потекло половите разлики. Како дошло до тоа девојчињата од раѓање да се облекуваат во розево, а момчињата во сино? Зошто девојчињата се усмеруваат на игра со кукли, а момчињата со топка и автомобили? Интересно е дека поделбата „Розево е за девојчиња, а сино за момчиња“ постои од 1980. Година.

Во текот на доцните 1800-ти, речиси сите бебиња биле облечени исто, без оглед на полот. Имено, сите бебиња ирум светот носеле бели фустанчиња. Причината за ова била логична–заради поедноставна промена на пелените, но и поради прицврстувачите кои во тоа време се користеле на детските пантолони, а биле комплицирани за децата.

Освен тоа, белата облека можела да се избелува, а и дамките полесно се отстранувале. Заради непостоењето на разлика помеѓу облеката за девојчиња и облеката за момчиња, генерациите се менувале во истите бели фустанчиња, па оваа попрактична и поефтина мода со децении ги имала симпатиите на родителите.

Пред крајот на 19.век се појавиле специјализирани продавници и облеката била одвоена по категории. Тука помогнале и рекламите и магазините кои им сугерирале на родителите како да ги облекуваат своите деца.

Еден од влијателните магазини- Earnshaw’s Infant’s Department во 1918. година објавил предлог облеката за момчињата и за девојчињата да се раздвојува по боја: „Розевата боја, поинтензивната и поодлучна, е попогодна за момчињата, а сината, понежната и поделикатната за девојчињата“. Пред сто години боите биле толкувани спротивно од трендот што постои денеска.

Во 1980, медицината напреднала, п родителите можеле да го дознаат полот на бебето пред неговото раѓање. Ова се смета за златно доба за сите оние кои биле подготвени да продаваат идеи за облека дизајнирана според полот на бебето. Во тој момент настапил обратен тренд – розевата боја станала боја за девојчиња, а сината за момчиња.

Родителите со купување на специјализирана гардероба го прославувале полото на бебето.

Кон средината на 20.век огласувачите ја поттикнувале продажбата на сѐ – од шампони до кујнски додатоци (специјално за домаќинките, кои биле директно изложени на влијанието на рекламите) – во розеви бои за жени. Иако во меѓувреме жените се бореле против овие родови стереотипи, тие се вратиле во 1980. години и од тогаш само се ширеле.

Меѓутоа, како и сите трендови, ни овој нема да потрае засекогаш. Роодителите веќе почнаа да ги напуштаат стандардите на родово категоризирана облека, играчки и сѐ останато за деца. Тука се и момчињата и девојчињата кои не покажуваат строги преференции според наметнатите бои. Со време, сината и розевата можеби повторно ќе ги заменат улогите или ќе бидат во целост заменети со други бои.

Фото: Pixabey

loading...