Сите дилеми околу флуорот

За флуорот досега знаевме дека е корисен  за нашите заби,коски… Но,во последно време се почесто се поставува прашањето дали бенефитот што го добиваме од неговото користење  е поголем од штетата што ја прави… Во тој контекст, неодамна спроведено истражување објавено во медицинското списание Lancet  ги класификува флуоридите во неуротоксини и наведува дека имаат смртоносно влијание врз развојот на човечкиот мозок

0
514

Истражувањето на медицинското списание Lancet открива дека флуоридите, покрај другите отровни материи како што се арсен, олово и жива, имаат штетно дејство врз развојот на човечкиот мозок.

Голем број држави додаваат флуориди во системите за пренос на водата за пиење и тврдат дека не постојат здравствени ризици. Флуоридите се додаваат во вода заради застареното сфаќање дека тие го спречуваат пропаѓањето на забите, наведува списанието Scientific America. Луѓето се убедени дека при редовно користење во мали количини, флуоридите го поттикнуваат растот на забна глеѓ и го спречуваат настанувањето на кариес.

Меѓутоа, помодерните истражувања покажуваат дека стапката на пропаѓање на забите (настанокот на кариес) е толку ниска што ефектот на флуоризација на водата не може да биде оценет. Тоа значи дека користот од флуоризација на водата не може да биде научно докажано – наведува организацијата Fluoride Alert.

Постојат многу посигурни начини за надополнување на флуоридот во забите. Постои едноставен 15.минутен третман со гел-тврди новинар од списанието Ye Olde. Исто така, младите луѓе можат да се тестираат, иако е сигурно дека недостатокот на флуорид ќе го воочи нивниот стоматолог и ќе предложи начини со чија помош состојката може да се излекува.

Онаа мала полза која би можела да ја има водата збогатена со флуориди се оспорува со тоа што флуоридите не мораат да се проголтаат за да им користат на забите – тврди организацијата Fluoride Alert.

Какви се навистина опасностите од внесување на флуорид во организмот?

Флуоридите се индустриска хемиска супстанција главно контаминирана со честици од опасни тешки метали како што се олово, арсен и радиум. Овие тешки метали се таложат во нашиот организам во текот на времето и се поврзуваат со настанувањето на рак и други заболувања во организмот.

Пастите за заби на пакувањата имаат предупредување за опасности во случај премногу да проголтате и тоа главно поради тоа што содржат флуорид. Во Европа додавањето на флуорид во водата не се практикува, шри што државите како Австрија, Белгија, Германија, Данска, Шведска, Норвешка и Холандија не дозволуваат додавање на флуорид во водата.

Како што се наведува во најновото истражување на Lancet, „Систематската проценка идентификувала пет различни слични индустриски хемикалии како развојни невротоксини: олово, метилжива, арсен,толуен…Откриени се и шест дополнителни развојни невротоксини меѓу кои се манган, флуориди…“. Студијата напоменува дека неуроразвојните пореметувања како АДХД, дислексија и други когнитивни пореметувања погодуваат милиони деца ширум светот.

Сѐ повеќе луѓе ширум светот се приклучуваат на движењето кое се бори против додавањето на индустриски флуориди во резервите од вода благодарение на зголемувањето на свеста за штетното влијание кое го има оваа вода на човечкото здравје, особено ако се пие со години.

Ако сте загрижени заради количината на флуорид која ја внесувате во своето тело, за почеток, прејдете на употреба на паста за заби која не содржи флуориди.

Кај нас од неодамна може да се најде Суманта паста за заби, чии најголеми придобивки, велат, е токму тоа што е целосно ослободена од флуорид!

Пастата ја има во продавницата во рамките на Центарот за здрава исхрана, Ајурведа, Јога и медитација во Скопје

Неодамнешните студии покажуваат дека флуоридот предизвикува распаѓање на забите, познато како дентална флуороза, а ова е најчесто кај децата.

Оваа паста за заби е сосема природнa, направена од билки, а инспирирана од Ајурведата во која традиционално се користат овие билки за да се задржи свежината на здивот и да се заштитат и спречат заболувањата на забите и непцата. Може да биде ефикасна и за забоболка, забен кариес, крвавење на непцата, расипување на забите и лош здив. Составена е од пет стари зачини и билки: каранфилче, цимет, црн пипер, Бакул и Мајафал, и освен што нема флуорид, нема парабен, нема глутен и не е тестирана на животни.

Инаку, флуорот во форма на флуориди, секојдневно, освен преку пастите за заби, го внесуваме и преку: водата ( во одредени реони); газираните пијалоци; конзервираната храна; зеленчуците и овошјата пораснати од ГМО семиња, итн.

Дневно во телото внесуваме од 5-7 мг. флуориди  и тоа во еднакви дози преку водата, храната, пијалоците, пастите за заби… Дури и да живееме во реон во кој водата не се флуоризира, не сме ништо помалку изложени на опасностите, забите ги миеме секојдневно и се храниме со зеленчуците и овошјата од полиците на супермаркетите, на кои не им го знаеме потеклото. Децата примаат дури и повеќе, флуоридите се често во составот на детските сокчиња, а некои од нив се дури и дополнително збогатени со флуор поради наводната добробит од него.
За внес на количина од само  0,04 мг/кг телесна  маса, е докажано дека предизвикува листа на здраствени проблеми, што би значело дека човек со просечна тежина од 60 кг. смее дневно да внесе макс. 2 мг. флуор без големи последици за личното здравје.

loading...