Скапи играчки наспроти секојдневни предмети (ВИДЕО)

Сигурно и самите сте се увериле дека на малите деца им е поинтересна амбалажата отколку самата играчка, без оглед колку скапо сте ја платиле. Направете го и вие овој едноставен експеримент и напишете ни ги вашите заклучоци

0
120

Колку пати сте му купиле на вашето дете шарена скапа играчка која му била интересна само пет минути? Многу родители сакаат да ги израдуваат децата, но на крајот остануваат разочарани затоа што ним им е поинтересна амбалажата отколку самата играчка.

Влогерката Естер Андерсон одлучила да го илустрира овој феномен па снимила видео со кое ја тестирала теоријата за бебињата и детските играчки.

Нејзината ќеркичка дури шест пати одбрала секојдневен предмет, а ниту еднаш играчка.

Празниците наскоро пристигнуваат, а ова може да биде одличен потсетник дека не треба да се оптварувате со купување на скапи играчки затоа што децата многу повеќе ги радуваат мали работи.

Фото: Youtube screenshot

loading...