Смеат ли трудниците да јадат месо од скара?

Печењето или пржењето месо, но и риба на отворен оган, на пример, на скара, и на висока температура, доведува до контаминација на храната со соединенија кои го менуваат генетичкиот материјал на организмот.

0
319

Сезоната на правење скари е во полн ек, а познато е дека во насоките за исхрана на трудниците е нагласено дека трудниците треба да внимаваат да не јадат месо и други намирници од животинско потекло кои не се доволно термички обработени.

Потенцијалните бактериски инфекции можат да го нарушат здравјето на мајката и детето, па се препорачува одредени намирници темелно да се сварат или да се испечат.

Но освен зараза, месото од скара носи уште една опасност за здравјето на детето.

Имено, во истражувањето објавено во списанието Nutrition се покажало дека трудниците кои често консумираат месо од скара во третото тримесечје од бременоста, раѓаат деца со пониска телесна тежина за речиси 200 грама. За ова се обвинуваат полицикличките ароматски јаглероводи кои се создаваат при печење на месото на скара, а можат да се вдишат со воздухот или да се апсорбираат преку кожата.

Печењето или пржењето месо, но и риба на отворен оган, на пример, на скара, и на висока температура, доведува до контаминација на храната со соединенија кои го менуваат генетичкиот материјал на организмот. Со мутации доаѓа до настанок на карциногени соединенија како хетероцикличките амини и полицикличките ароматски јаглероводороди (PAH соединенија) кои се таложат на површината од приготвуваната намирница.

Освен преку храна, карциногените PAH соединенија можеме и да ги вдишеме, а се наоѓаат во домашната прашина, во контаминираната земја и вода, а можат да се апсорбираат и преку кожата.

Полицикличките ароматски јаглероводороди (PAH соединенијата) минуваат низ плацентата и можат да се врзат на ДНА и да влијаат на ДНА репликацијата. Фетусот во развој и децата се исклучително чувствителни на токсини, а неодамна е забележано дека изложеноста на PAH соединенија во тој период може да влијае на когнитивниот развој на децата.

Но, не се сите скари еднакво опасни. Имено, електричната скара не претставува опасност затоа што за настанување на опасни соединенија е потребно согорување на органски материи како што се дрво, јаглен или плин, затоа што кога стопената маст капе на изворот на топлина доаѓа до распрскување на честици кои се депонираат на површината од месото и рибата.

Фото: Pixabey

loading...