Снаодлив татко: ем спие, ем чува 4 деца

Овој татко, инаку, медицински техничар, бил многу уморен после 12-часовната смена, па морал да најде начин да поспие, а истовремено и да внимава на четирите деца додека неговата сопруга пазарува

0
448

Моника Вебер, која живее со својот сопруг и нивните четири деца во американската сојузна држава Колорадо, отишла на пазарување и му ги оставила децата на својот сопруг, а тој пак смислил одличен план.

Кога се вратила дома, ги видела нејзините деца како седат на подот и цртаат, а нејзиниот сопруг задовопно дреме на каучот, покриен со ќебе.

Нејзиниот сопруг Мајкл, медицински техничар, се вратил дома од работа по 12-часовна ноќна смена. Неговата сопруга пак морала да испазари и била принудена да му ги остави децата на чување.

Но таткото бил толку уморен што морал да смисли начин како малку да отспие, а истовремено не можел да ги остави децата без надзор додека неговата сопруга е во шопинг.

Мајкл легнал на каучот и им рекол на децата дека ќе им позира, а нив им дал задача да направат уметничка слика на кога, се разбира, ќе биде тој.

Наградата за најдобрата слика било чоколадо, па децата сериозно си ја сфатиле работата.

Кога Моника се вратла од пазарење и влегла во дневата соба, видела интересна глетка. Мајкл дремел на каучот, а децата седеле на подот и го цртале татко им.

Ова морала да го фотографира и да го сподели со останатите.

Фото: Фејсбук

loading...