Совети за заштита на вашето дете од коронавирус

Д-р Кели Фрадин, педијатар од Њујорк и мајка на две деца, ги повикува семејствата да останат мирни, истакнувајќи дека таа не ја нарушила сопствената рутина и продолжува да се вози со метрото до и од работа. Сепак, таа нуди и неколку совети за заштита

0
426

Речиси 97.000 луѓе се заразени со коронавирусот, кој предизвикува болест позната како COVID-19, а повеќе од 3.300 луѓе починале низ целиот свет.

Разбирливо, родителите се загрижени со оглед на тоа дека децата поминуваат многу време на јавни места (училишни и јавни игралишта) и можеби немаат најдобри  навики за миење раце. Овие проблеми се зголемуваат иако се чини дека децата може да бидат помалку подложни на развој на COVID-19 и да умрат од него.

Д-р Кели Фрадин, педијатар од Њујорк и мајка на две деца, ги повикува семејствата да останат мирни, истакнувајќи дека таа не ја нарушила сопствената рутина и продолжува да се вози со метрото до и од работа.

Фрадин предлага родителите да преземат едноставни и разумни мерки на претпазливост, вклучително и да ги потсетуваат децата често да ги мијат рацете, да избегнат ракување и да им дозволат да поминат повеќе време играјќи надвор.

Еве ги советите на Фрадин, кои треба да ги следат родителите.

Во 80% од случаите, дијагностицирањата на коронавирусот се благи. Поради релативно нискиот ризик за повеќето луѓе, Фрадин вели дека семејствата треба да продолжат да го живеат животот како претходно.

Научете – и практикувајте – добра хигиена на рацете

Сè уште има многу непознати за коронавирусот и за тоа како се шири. Но, практикувањето добра хигиена е клучно.

Овие мерки вклучуваат да не ги допирате очите, устата или носот со неизмиени раце и да ги покривате устата и носот кога кивате.

Исто така, вклучува ефикасно миење на рацете.

Бидете сигурни дека децата ги мијат рацете кога ќе се вратат дома, после употреба на тоалетот и пред јадење, вели Фрадин. Тие треба да се мијат со сапун и вода 20 секунди.

Поставувањето тајмер на телефонот или купување на оној што може да го поставите над мијалникот може да помогне да го охрабрите вашето дете да го направи тоа правилно.

Не се потпирајте на средствата за дезинфекција

Тие не се толку ефикасни како миењето раце со сапун и вода, и може дури и да не ја отстранат целата нечистотија од рацете на детето, а камоли на сите бактерии.

Дури и децата треба да бидат потсетени да не се ракуваат.

Набавете резерви од потребните производи за еден месец, вклучувајќи пелени, лекови и марамчиња

Во случај на карантин во траење од две недели, или ако има недостаток на основни материјали, Фрадин им препорачува на родителите да направат резерви за еден месец. Тука спаѓаат пелени, марамчиња и лекови без рецепт. Семејствата, исто така, треба да направат резерва од лекови со рецепти и медицински материјали, вклучително и инхалатори за астма.

Исто така, направете резерви од храна за две недели и купете предмети што имаат долг рок на траење, како тестенини и замрзнато овошје и зеленчук. Гответе и замрзнете јадења што ќе траат некое време, како ќофтиња и супи.

Чевлите и торбите треба да бидат пред вратата

Во секој момент во текот на годината, а особено сега, Фрадин ги охрабрува родителите да ги научат своите деца да ги собујат чевлите кога ќе дојдат и да ги остават пред влезната врата бидејќи можат да носат бактерии однадвор. Истото правило важи и за ранците и торби кои веројатно допреле до земјата. Нека останат во ходникот.

Охрабрете ги децата да ја менуваат облеката

Веројатноста дека облеката на детето носи инфекција е сè уште „релативно мала“, вели Фрадин, но лесно е да се поттикне вашето дете да се пресоблече во нешто чисто. Фрадин вели дека самата таа ја пресоблекува облеката што ја носи на работ веднаш штом ќе се врати дома.

Бидете внимателни кон членовите на семејството со висок ризик, односно, кон постарите луѓе и оние со хронични заболувања.

Намалување на контактот, почесто миење на рацете и без гушкање или бакнување може да помогне да се заштитат оние кои може да имаат поголема шанса за развој на коронавирус и други компликации.

Бидете на отворено со вашите деца за да го зајакнете системот за имунитет.

За да се намали вознемиреноста и да се оддалечите од неповолните вести, Фрадин им препорачува на семејствата да ѝ дадат приоритет на играта на отворено. Вежбањето воопшто ја подобрува функцијата на имунитетот. Играњето и вежбањето надвор ја намалува изложеноста на бактериите што се наоѓаат во спортски сали и во места за играње во затворен простор, иако родителите сè уште треба да бидат внимателни и кога станува збор за површините во игралиштата.

Размислете за избегнување на продавници со многу луѓе.

Центрите за контрола на болести предупредуваат дека коронавирусот се шири низ воздухот во ситни капки произведени кога болното лице дише, разговара, кашла или кива. Вирусот се шири најлесно кога луѓето се наоѓаат близу едни од други.

Во областите каде има потврдени случаи, родителите би можеле да размислат да избегнуваат јавни места, како библиотеки и трговски центри.

Континуирано чистете го вашиот дом, особено областите со голема употреба во домот за да спречат ширење на коронавирусот. Вратата на фрижидерот, оградите од скалите, таблетите, телефоните и играчките . За да ја зголемите ефективноста, оставете ја површината влажна најмалку 15 до 30 секунди.

Не носете маска освен ако не сте болни.

Маските за лице се корисни само за луѓето кои се болни (со цел да се спречи понатамошна инфекција) и за луѓето кои се грижат за некој кој е болен.

Не го трошете цело време за читање вести.

Постојано читање за здравствената криза може да доведе до зголемена вознемиреност и паника. Фрадин им препорачува на семејствата да изберат време во текот на ноќта кога ќе се исклучат од Интернет и ќе поминат време кога ќе зборуваат за други теми и ќе се вклучат во забавни активности.

„Во одреден момент“, рече Фрадин, „ние само треба да веруваме дека има луѓе кои работат многу напорно за да го намалат влијанието на вирусот. Постојат болници и доктори кои ќе се грижат за нас“.

Фото: Pixabey

loading...